Костадинов: Остатоците од сваровски судството ја опструираат правдата

Прес-конференција одржа и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов

По демократските промени, на локално, општинско ниво од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции до денес поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на  режимскатаВМРО-ДПМНЕ. 

Од 300 кривични пријави, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови.

Но, опструкциите на последните остатоци на заробената држава во судството и обвинителството, многу предмети ги чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти.

Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво.

Ова е само уште еден доказ за потребата од прочистување и темелни реформи во правосудството.

Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани  носители на јавни функции.

Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара. 

Нам ни треба судство кое ќе испорачува правда, а нема да застарува дела и да ја попречува правдата.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави го покажува степенот на криминал во ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на централно и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво. 

Тоа е истата режимска, криминална матрица која нуди само одбрана на криминалот и која уште еднаш мора да биде поразена. 

Последните бастиони на неправдата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 12 април ќе бидат поразени од граѓаните!

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Светската награда за хуманизам за 2020 врачена на академик Георги Старделов

Во предвечерието на големиот христијански празник Богојавление вечерва во Охрид врачена годинешната 14-та по ред Светска награда за хуманизам, за прв пат на македонски лауреат, академик проф. Георги Старделов.

На пригодната свеченост во Куќата на Уранија пред присутните за годинешниот добитник беседа одржа претседателот на Комисијата за доделување на наградата, амбасадор Јордан Плевнеш. То истакна дека преку Светската награда на хуманизмот секој 18 јануари наспроти Богојавление се пренесува идејата за првата Школа на хуманизмот во Средновековна Европа, создадена од Свети Климент и Свети Наум учениците на светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитници на Европа 11 века после нивната смрт.

– Академик Старделов станува првиот добитник на Светската награда за хуманизам од Македонија, како автор кој припаѓа на врвот на светската цивилизација, оттаму што кога тој ќе ја изговори парадигмата „Велт шмерц", и македонскиот станува дел од светскиот бол. Кога Вие ќе изговорите светска филозофија, Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка, кога ќе речете светска историја го одредувате местото на Македонија…Вашата трајна база се светите Климент и Наум, Света Софија, климентовиот и наумовиот манастир, Курбиново, Бгомилите, народното творештво со сите негов форми и се она што го создал македонскиот творечки дух, рече меѓу другото амбасадорот Плевнеш.

Наградата на лауреатот му ја врачи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој рече дека на вечерта кога сме најблиску до Бога, Охрид со чиста љубов и мисла се поклонува пред делото на академик Старделов, кој со своите величенствени троречки достигнувања успеа да ја извиши оваа земја Македонија до највисоките културни меридијани.

– Старделов е автор со импозантен опус дела од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавени на многу јазици на сите пет континенти, рече тој заблагодарувајќи се на Академијата на хуманизмот што преку организирањето на оваа величенствена манифестација се активира генетскиот код и колективната меморија на првата Средновековна Школа на хуманизмот на Светите Кирил и Методиј.

Лауреатот Старделов своето обраќање пред присустните посочи на предизвикот со кој се соочува човекот во денешницата, дека по Хирошима се одвива големата ако не и најголемата глобална криза, што ги загрозува сите облици на животот како таков.

– Веќе нема на земјата такво забрането овошје и зелена фиданка која човекот на се обидел да ја скине или оскврнави. Со тоа стана јасно дека се е од и до човекот. Затоа и решението треба да се бара во надминувањето на стариот, излетениот дури и лицемерен хуманизм, со еден нов охридски, со еден животворен природен хуманизам кој ќе го надвладее времето на изгубената човекова блискост со природата и луѓето, време во кое ќе може да се дојде до неминовно освествување на човекот, својот опстој на планетата Земја да го здружи со природата во едно неразлачно единство и со нова надеж љубов и взаемна искрена почит, рече Старделов.

На свеченоста беше прочитана и пораката како и поемата што за годинешниот лауреат ја напиша и испрати Жан-Патрик Конрад, професор на „Ројал колеџ" од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Во рамки на годинешните чествувања на хуманизмот, со посебно признание ќе му биде оддадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам" што ќе биде свечено поставено на плоштадот „Долна Порта".

Шилегов на ФБ: Тргнати се фундаментите за панорамското тркало

Градоначалникот на Град Скопје на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека се отстранети фундаментите од панорамското тркало на мостот на реката Вардар.

„Тргнати се фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар чисто и проточно,“напиша Шилегов на ФБ.

Отворена истрага за нерегулиран увоз на отпад во Бугарија, македонските сопственици ги демантираат наводите

Бугарските медиуми денеска објавија дека компанијата „Блацион" ООД, во сопственост на Блаже Игнатов и Горан Ангелов, извршила нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад.

Како што јавија бугарските медиуми, Обвинителството започнало истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во Бургас. Отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови.

Бугарското Обвинителство соопшти дека содржината на отпадот се разликува од она што е декларирано на царинскиот документ.

Испраќач на отпадот е италијанската компании „Дентиче Пантелоне", што е основана во 1984 година и е специјализирана за рециклирање и повторна употреба на отпад, депонирање на тврд индустриски отпад и преработка на пластмаса.

Како што соопштија бугарските медиуми, откако сопственикот не реагирал на предупредувањето на Царинската управа, бидејќи бил истечен дадениот рок, Обвинителството започнало истрага.

МИА стапи во контат со управителот на „Блацион" ООД, Блаже Игнатов и содружникот Горан Ангелов, кој поседува 15 проценти од компанијата, како и Италијанците Винченцо Трасари и Ецио Боче.

Игнатов посочи дека отпадот од пристаништето во Бургас требало да биде пренесен во Термоцентралата „Бобов дол", но откако пристигнал отпадот, на бугарската ТЕЦ и истекла лиценцата за горење на отпад.

Тој нагласи дека станува збор за пластика и гуми и оти тоа што е пронајдено – текстил, дрво, стакло, како што посочија од бугарското Обвинителство, е дозволено. Потенцираше дека тоа ќе го докажат и експертите откако ќе го испитаат отпадот.

Ангелов за МИА посочи дека не е вистина она што се наведува во бугарските медиуми и оти отпадот, доколку добие дозвола ќе се пренесе во ТЕЦ „Бобов дол" или ќе се врати повторно во Италија.

На прашањето, како директор на Депонијата „Дрисла", дали Компанијата „Блацион" ДОО, некогаш има остварено соработка со Депонијата, Ангелов рече дека никогаш немаат остварено соработка.

Игнатов истакна дека во земјата никогаш не бил увезен каков било отпад, бидејќи нема дозволи за тоа и дека тоа го работеле само во соседна Бугарија. /МИА

притисни ентер