Одложено судењето за предметот „ТНТ“ кое денеска требаше да започне од почеток

Екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски ниту денеска не се појави на закажаното рочиште за случајот ТНТ.

Според неговиот адвокат тој не добил покана што го разгневи судијата Огнен Ставрев кој рече дека никој не му отворил на судскиот курир во домот на Трајковски. Па затоа нареди за утрешното рочиште Тони Трајковски со полиција да биде спроведен во судница.

-За Тони Трајковски ќе испратам наредба за негово присилно приведување. Ако продолжи да се однесува вака, ќе има подрастични мерки.-Огнен Ставрев – Судија.

Неговиот адвокат Јовица Страшевски иако вели дека Трајковски знаел дека за денеска е закажано судење, според закон требало да добие покана. Тврди дека неговиот клиент не бега.

Со заминувањето на поротничката на која и истече мандатот и назначувањето нова, судењето за рушењето на комплексот Космос на Фијат Цаноски се врати од почеток. Адвокатите требаше да одговорат дали ќе се согласат досега изведените докази и сведочења само да се исчитаат за да не се одолговлече постапката. Но по најавите на Страшевски, денеска и адвокатот Мерџан Даути најави дека ќе бара повторно сослушување на сведоците.

Освен случајот ТНТ, повлекувањето на истата поротничка од почеток го врати и судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Но Обвинителството и одбраната се договорија доказите, вештачењата и сведочењата да не се изведуваат и читаат со што постапката ќе продолжи каде што застана.

За следното рочиште обвинителот Гаврил Бубевски ги повика претседателот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев и “свиркачот” Звонко Костовски да објаснат како дошле до прислушуваните разговори за Монструм.

Во врска со оние што веќе беа слушнати во судница како сведоци треба да се појават и Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски-Радникот.

Заев: Коалицијата Можеме е победник на овие избори!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето рече дека коалицијата Можеме е победник на предвремените парламентарни избори со најмалку три пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека коалицијата има сигурна и стабилна предност од најмалку тројц апратеници , со мошност за добивање уште двајца или тројца.

,,Со оваа ваша поддршка не обврзувате на одговорност, но може да работиме уште повеќе и уште подобро" , рече Заев .

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

притисни ентер