Македонија се уште е под опасност од африканска свинска чума

Опасноста од африканската свинска чума се уште ја демне земјава. 

Во Србија се утврдени нови жаришта од овој вирус во близина на Димитровград и Пирот, а минатата недела во Бугарија болеста зафати уште четири нови региони.

Првиот човек на АХВ Зоран Атанасов вели дека Македонија е безбедна и нема простор за паника. Мерките за безбедност остануваат на сила, вклучително и забраната за увоз од Србија и Бугарија. Ги потсети граѓаните кои се враќаат од патување во странство да не внесуваат производи од свинско месо, а фармерите строго да ги почитуваат биосигурносните мерки.

„Претпазливост мора да има. Мерките кои Агенцијата ги нареди и забраните остануваат на сила. Би набројал само дека е забрането да се чуваат свињи на отворено, свињите не смеат да се хранат со помии, а луѓето кои патуваат во странство да не носат во куферите храна од животинско потекло, поготово производи од свинско месо,“ вели Зоран Атанасовски .

Атанасов информираше и дека лани ниту еден пациент не престојувал во болница поради труење со храна. Деветнаесет лица се пожалиле на благи симптоми, но ниту еден од нив не бил сериозен случај. Праксата за затворање на угостителските објекти кај кои ќе се утврди дека служат небезбедна храна ќе продолжи.

„Лани во трите случаи не е потврден причинителот бидејќи и самите 19 лица кои се пријавиле имале само благи симптоми. Во едниот случај се работи за 500 луѓе присутни во ресторан од кои само двајца се жалат на благи болки,“ изјави Зоран Атанасов, директор на АХВ .

Од август до крајот на 2019 се отстрелани околу 1000 диви свињи, но мострите од лабораториските тестирања не покажале дека свињите го имаат заразниот вирус. Што се однесува до класичната свинска чума, во втората половина од годинава земјава од СЗО ќе побара да и биде доделен статус на слободна земја од болеста.

Заев: Коалицијата Можеме е победник на овие избори!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето рече дека коалицијата Можеме е победник на предвремените парламентарни избори со најмалку три пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека коалицијата има сигурна и стабилна предност од најмалку тројц апратеници , со мошност за добивање уште двајца или тројца.

,,Со оваа ваша поддршка не обврзувате на одговорност, но може да работиме уште повеќе и уште подобро" , рече Заев .

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

притисни ентер