Бектеши во Тирана: Поддршка и солидарност од сите земји во обнова на погодените подрачја од земјотресот во Албанија

Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на регионалниот Самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост", кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на ОН.

Главна тема на самитот што се одржува во Тирана, како што соопштуваат од Министерството за економија, е да се даде поодршка за обновата на подрачјата погодени од минатогодишниот земјотрес што ја зафати Албанија, а исто така да се даде и поддршка на туризмот во оваа земја.

Министерот во своето обраќање истакнал дека е почестен што денеска е присутен на овој Регионален Самит, бидејќи Република Албанија не е само наша соседна земја, туку е и пријателска земја и стратешки партнер на Македонија.

– На 26 ноември и Албанија се соочи со голем разорен земјотрес што направи не само голема материјална штета, туку и загуба на човечки животи. Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тогаш клучна беше помошта која стигна од сите страни од светот и од сите нации од светот и го изградивме повторно главниот град, потенцираше Бектеши.

Тој потсети дека веднаш по катастрофалниот земјотрес во Албанија, Владата на Македонија веднаш донесе одлука и упати финансиска помош и тимови од 50 луѓе за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја кои беа меѓу првите кои пружија помош на настраданите подрачја.

– Но, овие природни катастрофи остануваат врежани и оставаат голем печат не само кај жителите, туку и на цели градови, подрачја и региони. Природните катастрофи кои сега ги има многу повеќе од порано, сериозно му штетат на развојот на туризмот во светски рамки. Според Светскиот економски форум, туристичката индустрија учествува со 9,8 отсто од глобалниот БДП, поддржува 277 милиони работни места ширум светот и претставува 6 отсто од глобалниот извоз. Покрај тоа, индустријата има потенцијал за понатамошен раст, oд сегашните 1,1 милијарди меѓународни туристички посети да достигнат 1,8 милијарди до 2030 година. Но, во изминатите неколку години, влијанието на природните непогоди врз туризмот, а со тоа и врз светската економија е се поголемо.Природните непогоди не можат да се спречат, освен ако не ги решиме нашите еколошки проблеми, образложи министерот Бектеши.

Тој потенцираше и дека е многу важно за туристичката индустрија во светот секогаш да има во предвид опасноста дека може да се случи природна непогода и на тој начин да обезбеди одржливост на бизнисот.

Министерот Бектеши подвлече дека сега следува период на обнова во Албанија за која допрва ќе биде потребна голема помош и поддршка не само од регинот, туку и од целиот свет.

– Сакам да го искористам овој Самит и овој денешен настан да ги повикам сите земји во светот да помогнат во обнова на подрачјата кои беа погодени од разорниот земјотрес во Албанија. Исто како што пред пред скоро 60 години помогнаа да се изгради повторно Скопје. Македонија ќе продолжи со сите можни средства да и стои на располагање на Република Албанија со цел да ја преброди катастрофата што и се случи, истакнал Бектеши.

Министерот за туризам и екологија на Албанија, Бленди Клоси во своето обраќање им се заблагодари на сите за поддршката која и ја дале на земјата во земјотресите кои што се случија на 26 ноември минатата година.

– Опстојувањето во вакви природни непогоди и солидарноста е пракса која би сакале да ја споделиме со вас на овој Самит и да укажеме дека туризмот како индустрија е главниот столб на економијата, и не само тоа туку и на хуманоста и менаџирањто со кризи, а тоа го покажува присуството на 12 делегации кои денеска се тука, како никогаш порано за една заедничка цел, кажа Клоси.

Првиот човек на Светската туристичка организација Зураб Пололикашвили во своето видеообраќање пред присутните гости порача дека политичката поддршка ее клучна за успех во туризмот.

– Денешниот Самит е клуч во опоравувањето на албанскиот туристизам и верувам дека туристичкиот сектор во Албанија е подготвен за тоа, истакнал Пололикашвили./МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер