Хамер се враќа како електричен автомобил?

Со месеци наназад се најавува враќањето на чуениот бренд Хамер кој после неколку неуспешни промени на сопственици згасна во 2010 година.

Десет години подоцна во живот ќе го врати оригиналниот сопственик Генерал Моторс, но како електричен бренд.

Пред некој ден престижниот магазин „Wall Street Journal“ објави дека Генерал Мотор ќе го претстави повратничкиот модел на Хамер за време на Супербол.

Супербол е најголемото спортско случување за американскиот фудбал  во САД. Рекламниот простор на ова спортско случување е многу скап. Просечна цена за околу 30 секунди реклама е околу 5.000.000 долари.

Новиот Хамер нема да претставува посебен бренд во скоп на Генерал Моторс групацијата, како што беше случај пред банкротот,туку ќе биде модел во рамките на брендот „GMC“.

Тоа ќе овозможи Генерал Моторс да избегне непотребни давачки за развој на посебен модел. Наместо тоа новиот Хамер ќе се базира на постоечка платформа од „GMC“ камионетите и теренците.

Новиот Хамер би требало на пазарот да се појави во 2022, и тоа како електричен камионет, а како „SUV“ една годна подоцна.

притисни ентер