Видео: Шестмина загинати, 16 повредени кога автобус пропаднал во дупка во централна Кина

Најмалку шест лица загинаа, а 16 се повредени откако огромна дупка која што се отворила среде улица и проголтала автобус и неколкумина пешаци во централна Кина.

Инцидентот се случил вчера вечер пред болница во Шининг, главниот град на провинцијата Чингај.

Снимки од околните безбедносни камери прикажуваат експлозија во дупката кратко пред автобусот и случајните минувачи да пропаднат во неа. Неколкумина се обиделе да им помогнат на повредените, но и тие пропаднале кога отворот во улицата одеднаш се проширил.

Според државните медиуми во Кина дупката е со широчина од 10 метри. Нејасно е колку патници имало во автобусот во моментот на несреќата. Неколку смртоносни дупки се пријавени во Кина во изминатите неколку години.

Махмути: Подобрување на квалитетот на животот за младите семејства

Кандидатката за пратеник на ДУИ од ИЕ 1, а истовремено и претседателка на Форумот на жени на Сарај Шермине Махмути, денеска пред граѓаните од плоштадот Скендербег во Скопје ги презентираше проектите за младите и за младите семејства

– Мојот мотив за првпат да се кандидирам за пратеничка е да придонесам за подобрување на животот на

младите семејства и создавање можности за младите. Кога Насер Зибери го претстави својот план за првите 100 дена како премиер Албанец, се чувствував многу среќна што неговиот фокус не е само на еднаквоста, еднаква правда и економска преродба, туку и на можностите за младите семејства, порача Махмути.

Таа вели дека ова треба да биде нивен приоритет како политичари – да се создаде средина каде младите луѓе, а особено младите семејства, ќе сакаат да останат во нашата земја, наместо да чувствуваат потреба да заминат во странство за да создадат подобар живот.

– Навистина, не можеме да направиме чуда и никој нема да може да го спречи овој штетен тренд кој ни се случува од ден на ден. Но, она што можеме и мора итно да преземеме, е да сториме сè што можеме за да ги поддржиме младите семејства во Северна Македонија, нагласи Махмути.

Според нејзе иницијативата да се обезбеди државен заем од 20.000 евра за секое ново семејство, за

купување или изградба на нивниот прв дом, е една од најефикасните мерки што државата може да ги преземе за да ги задржи младите семејства во земјава. Оваа мерка, вели таа, која ќе се спроведе веднаш, конечно им дава можност на сите да создадат дом, што е од суштинско значење за животот.

– Иницијативата на првиот премиер Албанец, за секое семејство да има барем еден вработен, да има барем стабилен приход, ја менува ситуацијата и создава финансиска сигурност за илјадници семејства во

Северна Македонија. Такви се и мерките за вработување на младите: нула данок на добивка за вработените под 35 годишна возраст и државни стимулации од 1500 евра за претпријатија кои ќе им овозможат на младите нивно прво вработување, истакна Махмути, додавајќи дека подобрување на квалитетот на животот за младите семејства го гледа како најважна задача како идна пратеничка на Собранието.

Додава дека работни места, повисоки плати и поддршка за изградба на дом се првите работи со кои треба да се занимаваат.

– Со задолжително предучилишно образование, од тригодишна возраст и изградба на градинки во секое населба, првиот премиер Албанец ќе ги постави темелите на современата семејна политика. Поставувањето флексибилен распоред за работа во текот на неделата и половина работен ден во петок ќе обезбеди повеќе приватно време, повеќе време за семејство и подобро ментално здравје, нагласи Махмути. /МИА

Карамбол за патот Кичево- Гостивар: Тешко повредена жена, повредени и возач и совозач на Ламборџини

Вчеравечер во 19,55 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, случена е сообраќајна незгода помеѓу четири патничките автомобили.

Се судриле „Фолсфаген Буба“ со кичевски регистарски ознаки, управувана од А.Ч.С.(32) од Кичево, „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Скопје, „Ламборџини“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш.(24) од Скопје и „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.П.(23) од Скопје. Притоа, А.Ч.С. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар во Скопје, додека со телесни повреди се здобиле Д.Ш. и Б.С. (31) – возач и сопатникот во возилото „Ламборџини“ како и П.П. возачот на возилото „Киа“.

На местото на незгодата, извршен е увид, соопшти МВР.

Од куќа во Скопје украдени 800.000 евра, 60.000 долари, 50.000 франци и милион денари, чувани во три кеси

Вчеравечер  во 22,10 часот во СВР Скопје, Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје во негова сопственост од непознато лице му била извршена тешка кражба.

Сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1.000.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

притисни ентер