Видео со над 13 милиони прегледи : Британец мирно си јаде кебапи , додека покрај него се случува масовна тепачка (ВИДЕО)

Снимката од тепачка во кебапчилница во англискиот град  Портсмут стана хит на интернет - поради еден човек кој не се мешал туку само тивко седел , јадел и гледал.

Кавгата со муштерии довела до тепачка во која учествувал персоналот на Ken's Kebab во Портсмут, па сепак 52-годишниот Крис Хил не дозволил тоа да му го расипе неговиот вечерен оброк. Крис, кој дошол да јаде нешто по неколкуте пива на пабот, рече дека се свртел и видел дека почнува тепачка.

„Размислував во еден момент да се преместам, но уживав во мојот ќебап и помфритот“, изјави тој за „Мејл онлајн“. „Иако помфритот не беше нешто особено“.

Неговата реакција веднаш стана хит на социјалните мрежи, а тој беше наречен легенда. „Овој човек е жива легенда“ или „овој човек мора да биде претседател на Земјата“, коментираа на Твитер каде повеќе од 13,8 милиони луѓе го гледале видеото.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер