Битка на теренот и на трибините : Хрватска ја победи Србија со 24:21

Ракометната репрезентација на Хрватска ја совлада Србија во третото коло од групата А на ЕП во ракомет во Грац со 24:21.

Заврши исклучително интересниот и возбудлив натпревар со оглед на фактот дека дуелот беше лишен од резултатски императив. Уште пред почетокот на натпреварот , навивачите од двете соседни земји си ги одмеруваа силите со вербални дуели и навреди. Хрватска го обезбеди првото место и трансферот на двата бода во второто коло, додека за Србија првенството заврши.

Србија го одигра далеку најдобриот натпревар на турнирот, и даде фантастичен отпор на Хрватска, го држеше неизвесен резултатот 40 минути, но сепак не можеше да издржи. Дувњак и Марин Шего се креатори на уште една победа. Марин Шего забележа неверојатни 15 одбрани (43 проценти), а Дувњак на крајот го обезбеди водството над Србија.

Хрватска го заврши натпреварот во групата А со три победи и донесе два бода во второто коло. Белорусија оди понатаму, но без поени, додека ЕП е завршено за Црна Гора и за Србија.

Стојанов: 40% знаат од кого и како се заразиле

За тоа како се движи заразата со корона вирусот поразговаравме со директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојков.

Тој забележува дека свеста кај граѓаните за заштитните мерки се искачила на повисоко ниво.

Во разговорот со Мирјана Мирчевска Јовановиќ, Стојанов зборува и за неопходните услови од епидемиолошки аспект ,за почетокот на новата учебна година.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

ЕВН Македонија со осуда на инцидентот во Тетово

ЕВН Македонија во врска со вчерашниот инцидент во Тетово изрази осуда на секаков вид на насилство и вандализам. Поради инцидентот најавуваат поголема заштита за вработените и имотот.

-Осудуваме секаков вид на насилсто и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презема мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се усмерени против нас. Воедно најостро го осудуваме секој вид на говор на омраза кој што може да доведе до насилство како што беше случај синоќа, се наведува во соопштението од Одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

За двете возила на ЕВН Македонија кои беа запалени ноќеска, како осомничен полиција го приведе К.О (43) од Тетово. Осомничен е дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола" и во станбениот блок 70 во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „Дачија дастер" и патничко возило „Нисан", двете сопственост на „ЕВН", кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „Голф", со тетовски регистарски ознаки.

Примателите на социјална помош од Прилеп загрижени за своите средства

Затворањето на Еуростандард банката дополнително создаде забуна и недоразбирање кај илјадници домаќинства корисниците на минимална парична помош и на поединци корисници на туѓа нега,на детски и додаток  за образование. 

Над 30 отсто од 8500 корисници на овие средства од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени два дена безуспешно се обидуваат да ја регулираат исплатата преку други банки. Велат дека покрај трансакциски сметки банките им бараат и социјален број.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи велат дека во упатствата добиени од ресорното министерство немаат обврска поединачно да даваат социјални броеви бидејќи списоците се испратени до банкарската асоцијалција која треба да ги ажурира списоците според трансакциските сметки каде што ги имаат корисниците на социјалната помош.

За реакциите на граѓаните – корисници на социјална помош информирано е Министерството за труд и социјална политика.Се верува дека почетните недоразбирања меѓу нив и банките брзо ќе биде надминати..

притисни ентер