Неверојатна преработка на Ламборгини од 1968 се најде на продажба (ФОТО)

Модифицираниот модел  Еспада од 1968 година е понудена на аукција за продажба на специјализирани возила.

Фактот дека изменетата верзија не потсетува на оригиналната Espada, го издвојува ова возило од сите други во наведената производна линија.

Француската компанија за модификација на автомобили Danton Art Kustoms сакаше да го одбележи 50-тиот роденден на Еспада. Тие направија некои измени во оригиналниот модел, така што крајниот производ е сосема различен од возилото што влезе во работилницата.

Во спецификацијата на модифицираната Еспада се вели дека автомобилот е долг 2,49 метри. Оваа информација е доволна за да се каже дека се работи за нешто необично. Оригиналниот V12 мотор има капацитет од 3,9 литри и 350 коњски сили. Во новите околности, „дише полесно“ затоа што дизајнерите го изоставија капакот.

Некои делови, како што се седиштата и тркалата, се специјално изработени и целосно прилагодени. Страничните отвори се моделирани како на Lamborghini Reventon, а оригиналниот изглед на ентериерот остана непроменет, пренесува Top Gear.

Секој што би сакал да го има во гаражата, само за депозит на аукција, треба да подготви 200.000 фунти. Со оглед на популарноста што ја стекна во текот на последните денови, веројатно е дека крајната цена ќе биде многу поголема.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер