Ен Хатавеј се враќа во форма по тајното породување (ФОТО)

Пред неколку недели, Ен Хатавеј во тајност го роди третото дете.

По неколкумесечното отсуство од црвениот тепих, таа вчеравечер се појави на доделувањето на наградите Critics' Choice Awards во блескав фустан на Версаче со длабоко деколте.

Фустанот со широки ракави до половината беше тесен, па јасно беше исцртан стомакот на актерката, а многу мајки ширум светот, кои биле прогонувани поради нереалните очекувања наметнати на жените по породувањето, ја пофалија славната актерка.

Пред неколку години Ен беше прогласена за најомразената актерка во Холивуд, а една од причините беше говорот по освојувањето на наградата Оскар за најдобра споредна актерка. За неколку дена, на Твитер се собираа постови со хаштагот #IHateAnneHathaway (I hateAnneHathaway). Говорот беше оценет како лажно скромен, а на Ен не и помогна приказната дека одбила да носи фустан од Валентино затоа што слушнала дека нејзината колешка Аманда Сејфрид ќе носи сличен.

Таа, наводно, се преправала дека е скромна и едноставна пред камерите, а далеку од нив била разгалена дива.

Пред една година, Ен откри дека решила да престане да конзумира алкохол затоа што го придружувала својот син во градинка.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер