Спасовски и Заев се сретнаа со Вартоломеј во Цариградската Патријаршија

Спасовски и Заев  му ги честитале на  Вартоломеј Божиќните празници и го поканиле што поскоро да ја посети Македонија и верниците кај кои Вселенскиот патријарх  ужива голем почит.

Одговарајќи позитивно на поканата од Вселенскиот патријарх Вартоломеј додека беше премиер да го посети седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул, претседателот на СДСМ Зоран Заев во придружба на премиерот на преодната влада Оливер Спасовски денеска ја реализираа посетата, која според владиното соопштение поминала во срдечна атмосфера.

Спасовски и Заев му ги честитале на Вартоломеј Божиќните празници и го поканиле што поскоро да ја посети Македонија и верниците кај кои Вселенскиот патријарх ужива голем почит.

„Средбата во седиштето на Цариградската Патријаршија се одржа во пријатна атмосфера а во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците ширум светот“,се наведува во соопштението од Владината прес- служба.

Синодот на Македонската православна црква -Охридска архиепископија бил известен за посетата на Спасовски и Заев на Вселенскиот Патријарх и истата ја благословиле. Потврдувајќи го ова портпаролот на Синодот, Владиката Тимотеј изнесе очекување прашањето за автокефалниот статус на МПЦ-ОА да биде разгледувано на некоја од седниците на Синодот на Вселенската Патријаршија.

Дека Вселенската Патријаршија работи на давање автокефален статус на Македонската православна црква , потврдува и владиката Тимотеј кој вели за тоа имале и усна конфирмација од Вселенската Патријаршија дека многу активно работела на ова прашање. Инаку ,минатата година во мај, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј изјави дека во духот на љубовта и единството се разгледува барањето од Поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан за признавање на МПЦ.

Црквата мајка секој случај го разгледува во духот на љубовта и единството и како секогаш се стреми кон духовна корист и спас на верниците- изјави тогаш Вартоломеј.

Неговата изјава се случи во време кога СПЦ повторно јавно почна да говори за продолжување на дијалогот за решавање на спорот со МПЦ, со што индиректно упати на точната адреса за надминување на ова прашање.

Очекувано МПЦ фокусот за решавање на статусот го насочуваат кон Цариградскиот патријарх , особено по признавањето на Украинската црква. Факт е дека по решавањето на спорот за името со Грција, Вселенската Патријаршија и Грчката православна црква гледаат позитивно и со симпатии кон МПЦ и потребата за одредување посебен црковен статус а со тоа и заслуженото место во Православната екумена.

Светска банка: Потребни се 7,9 милијарди долари за реконструкција по земјотресите во Сирија

Светската банка објави проценки според кои февруарските земјотреси во Сирија ќе го намалат БДП на земјата за 5,5 отсто оваа година.

Светската банка објави проценки според кои февруарските земјотреси во Сирија ќе го намалат БДП на земјата за 5,5 отсто оваа година, а средствата за опоравување и обнова се проценуваат на повеќе од 7,9 милијарди долари во текот на три години.

Во извештајот на Светската банка за земјотресите што ги погодија северна и западна Сирија на 6 и 20 февруари, се проценува дека тие предизвикале штета од 3,7 милијарди долари и уште 1,5 милијарди долари економски загуби.

Светската банка претходно предвиде пад од 3,2 отсто на економското производство на Сирија оваа година поради континуираните завојувани конфликти, високите цени и недостигот на жито и енергија, како и вода, кои го ограничуваат одгледувањето култури.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери

Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери од 1 милион денари, ДКСК и ЈО да реагираат.

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери.

Над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.

Имено во период од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.

Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.

Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.

Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Њујорк се подготвува за демонстрации на поддржувачите на Трамп

Њујорк се подготвува за демонстрации на поддржувачите на Трамп во врска со очекуваното обвинение против него.

Поставени се барикади околу судот во Менхетен, каде приврзаниците на Доналд Трамп се подготвуваат да протестираат против обвиненија во врска со изборната кампања во 2016 година дека тој тајно платил на порно ѕвезда да не дистрибуира доверливи материјали против него, јавија американски медиуми.

„Протестирајте, вратете ја нашата нација!“ повика Трамп во саботата, а неговите зборови предизвикаа загриженост дека сцените на насилство што се случија во Капитол на 6 јануари 2021 година, може да се повторат. Сепак, некои од неговите екстремно десничарски поддржувачи стравуваат дека органите на прогонот би можеле да им направат стапица и избраа да не ги послушаат неговите апели, велат експертите за безбедност.

Големата порота се очекува да го обвини Трамп до среда, објави Политико, бидејќи тој одобрил исплата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс.Трамп, кој се обидува повторно да биде номиниран од Републиканската партија за претседател на изборите следната година, рече дека очекува да биде уапсен денеска.

Адвокатот Роберт Костело пред судот синоќа изјави дека поранешниот личен адвокат на Трамп, Мајкл Коен и платил 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс. За возврат, таа морала да молчи за аферата за која тврдеше дека ја имала со Трамп една деценија претходно.

„Мајкл Коен сам одлучи, тоа ни кажа, сам одлучи да види дали може да се погрижи за ова“, им рече Костело на новинарите откако сведочеше пред големата порота на барање на одбраната на Трамп.

Коен веќе двапати сведочеше на суд и јавно изјави дека и платил на порно актерката по налог на Трамп.

Обвинението може да му наштети на обидот на Трамп да се врати во Белата куќа. Околу 44 отсто од републиканците велат дека тој ќе мора да се откаже од претседателската трка доколку биде обвинет, според анкетата на Ројтерс/Ипсос.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјави дека полицијата ги следи социјалните мрежи и ги следи „нередовните активности“ во градот. Полициската управа на Њујорк соопшти дека нема веродостојни извештаи за безбедносни закани.

Доколку Трамп биде обвинет, тој најверојатно ќе мора да отпатува од својот дом во Флорида за земање отпечатоци и други процедури. Повеќе медиуми објавија дека вчера имало состанок на органите на редот на кој се разговарало за логистички прашања поврзани со можното поднесување обвинение против поранешниот претседател на САД.

притисни ентер