Овој дрон има само два пропелера, дали два се подобри од четири?

Според творците на овој дрон, два е подобро од четири, кога станува збор за поголемото траење на батеријата, помали димензии и намалување на бучноста.

„V-Coptr Falcon“ е ново беспилотно летало на компанијата „Zero Zero Robotics“. Овој дрон со една батерија може да помине 50 минути во воздух, што е за 20 минути повеќе во споредба со „DJI Mavic 2“, пипува „The Verge“.

Со години четирите пропелери се стандард кој го користат сите беспилотни летала, затоа што нуди поголема сила и поголема стабилност.

Сепак, како што велат од „Zero Zero“, дизајнот на нагибен ротор кој овозможува секој пропелер да се врти независно, на овој модел му овозможува да им парира на ривалите со четири пропелери. Аеродинамиката на дронот вака е подобрена.

Уште една предност би требало да биде намалената потрошувачка на батеријата, како и компактната фомрма на дронот.

„V-Coptr Falcon“ е опремен и со камера со 12 мегапиксели која може да снима 4К видео.

Цената на овој модел ќе биде 999 долари, а во продажба би требало да се најде во фебруари.

Драматично во Јапонија: Најмалку 20 загинати и 14 исчезнати во големите поплави (ВИДЕО)

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 14 се водат како исчезнати во поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од  рекордни поројни дождови во југозападна Јапонија, објавија локалните медиуми.

Се стравува дека 14 исчезнати лица се исто така мртви, ден откако поплавата го погоди руралното подрачје на префектурата Кумамото, јави телевизијата НХК, повикувајќи се на локалните власти.

Околу 50 луѓе се спасени од поплавен дом за стари лица во селото Кума, на околу 950 километри југоисточно од Токио, пренесува Kyodo News.

Властите во Кумамото наредија евакуација на околу 200 000 жители, бидејќи обилните дождови, лизгање на земјиштето и поплавите продолжуваат да се закануваат.

Јапонската метеоролошка служба очекува силниот дожд да зафати големи области од источна и западна Јапонија до вторник.

Префектурите Кумамото и Кагошима се зафатени од силен дожд уште од вчера.

Врнежи од дожд до 300 мм се очекуваат на југозападниот остров Шикуку, 250 мм на островот Кјушу, вклучувајќи го Кумамото, и 200 мм на источниот и централниот дел на земјата, вклучително и Токио, до понеделник вечер, соопшти метеоролошката служба.

Пред две години, поплавите и лизгањето на земјиштето во западна Јапонија однесоа повеќе од 220 животи, што претставува најголем број загинати поврзани со временски непогоди во три децении.

Во Србија 302 новозаразени , починале пет лица

Во последните 24 часа, 5030 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 302 биле позитивни. Уште петмина починаа.

Во моментот има 81 пациент на респиратори.

Вчера 7.434 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 325 биле позитивни, а осуммина починале.

Инаку, од утре во 6 часот наутро, Грција ќе ги затвори своите граници кон граѓаните на Србија. Српските туристи кои се веќе во Грција, популарна дестинација за одмор за Србите, ќе можат да ја напуштат земјата.

Грчкиот Хаос има 3000 КС и тркала како никој друг (ФОТО)

Грчки стартап  работи на развој на болид кој ќе привлече внимание со својата огромна моќ, но и со дизајн достоен за вистинско уметничко дело.

Зад проектот Хаос стои Спирос Панопулос- Автомотив, а планот е да се создаде автомобил од кој на сите ќе им се заврти во главата. За разлика од другите, Грците тука избраа класичен погон. Се состои од 4,0 Т10 твин-турбо, и се претпоставува дека ќе врти до 12,000 вртежи во минута. И не само тоа, со гориво E85 ќе додаде дури 3000 КС, што е, на пример, двојно повеќе од Chiron.

Грчката компанија не застанува тука, затоа развива дизајн на автомобилот со еднаква идеја.

Веќе се објавнеи некои детали, а последни во серијалот се бандажите. Тие се со дијаметар 22 инчи и се создадени со напредно 3Д печатење од легура на титаниум. Технологијата е воведена пред нешто помалку од две години, што е многу поразлично од класичното 3Д печатење.

притисни ентер