Македонија загуби од Чешка со 27-25

Македонија како што се очекуваше, во извонредно тврд натпревар со стариот познаник Чешка го претрпе првиот пораз на европскиот шампионат. 

Македонија загуби од Чешка со 27-25 и сериозно го доведе во прашање пласманот во втората фаза на европското првенство. Тоа значи дека, доколку сакаат да одат понатаму, нашите најдобри ракометари ќе мораат да го победат домаќинот Австрија во последниот меч во групата.

Македонија како што се очекуваше, во извонредно тврд натпревар со стариот познаник Чешка го претрпе првиот пораз на европскиот шампионат. Нашите ракометари и во овој натпревар ги покажаа слабостите во играта како во првиот дуел со Украина што Чесите знаеја да ги казнат. Повторно одбраната не беше добро организирана а не функционираше ниту нападот кој главно одеше конфузно и без идеја. Иако на одмор Македонија замина со предност од два гола, Чесите направија голем пресврт во вториот дел и поведоа со дури 4 гола. Во последните 7-8 минути Македонија се врати колку толку во мечот но во неизвесната завршница Чесите се снајдоа подобро.

Струката во нашиот тим на чело со селекторот очигледно ќе мора да се позанимава во наредните два дена со отстранување на слабостите во играта што ги има поприлично бидејќи доаѓаат натпревари со далеку подобри и поамбициозни противници.

Последниот натпревар од групата со Австрија, нашиот тим ќе го одигра во вторник.

Македонија доколку се пласира во втората фаза на европското првенство ќе остане во Штадхале во Виена каде што ќе биде дел од новоформирана група во која ке дојдат противници од типот на Шпанија, Германија и Хрватска.

притисни ентер