Случајот,, Еразмус’’ ќе се врати на почеток, поротник оди во Германија

Наместо да заврши, судењето за случајот Еразмус се враќа од почеток. 

Една од поротничките добила виза, па за една недела ќе замине во Германија на печалба. Утринава го известила судијата Владимир Туфегџиќ, кој ќе побара од претседателот на судот да определи нов судија – поротник.

„Ова ќе влијае на постапката. По завршните зборови ќе треба да се анализираат сите докази. Седум дена е прекратко време за тоа“,-Владимир Туфегџиќ – Судија

По случајот ТНТ каде на поротничка и истече мандатот но Судскиот совет се уште не се произнел, ова е уште еден случај кој сигурно се враќа на почеток поради промени во судечкиот совет. Првиот човек на Кривичен Иван Џолев за Канал 5 вели дека едно од можните решенија за овие ситуации е иницијативата за измена на ЗКП која е на предлог токму на судијата Туфегџиќ и веќе е доставена до Министерството за правда.

-Проблемот со поротниците е најслабата алка во судските постапки. Сметам дека едно од решенијата за ова се измените на ЗКП со кои при промена на составот на Судечкиот совет, започнатата кривична постапка непречено ќе продолжи откако на новите членови на постојниот Судечки совет на нејавна седница ќе им бидат презентирани дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка.- Иван Џолев – Претседател на Основен Кривичен суд Скопје

Во случајот Еразмус обвинети се неколку професори и демонстратори од Економски факултет за земање пари од студенти за полагање испити меѓу нив и поранешниот декан Бобек Шуклев. Одбраната на дел од обвинетите смета дека Обвинителството нема докази.

На 3 февруари, наместо пресуда како што беше планирано повторно ќе се изведуваат докази. Инаку судењето по неколку одложувања почна во март 2017та.

Песков: Трамп фактички ја продава американската воена помош на Украина

 Висок руски функционер го критикуваше предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да продолжи воено да и помага Украина во замена за пристап до нејзините вредни минерални резерви.

„Ако ги наречеме работите онакви какви што се, ова е предлог да се купи помош - со други зборови, да не се дава безусловно или поради некоја друга причина, туку да се обезбеди конкретно на комерцијална основа“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави „Политико“.

„Се разбира, подобро би било воопшто да не се пружи помош, бидејќи тоа ќе придонесе за прекин на овој конфликт“, додаде Песков.

Трамп во понеделникот објави дека „сака да склучи договор со Украина“ во кој САД ќе обезбедат воена помош за војната против рускиот претседател Владимир Путин во замена за украинските „ретки земји“.

„Ретките земји“ или лантаноидите се група од 17 елементи со слични карактеристики, но различни од другите метали. Тие особини ги направија барана стока на меѓународните пазари, бидејќи овие скапи минерали се важни компоненти на делови за современи електронски уреди.

„Инвестираме стотици милијарди долари. Тие имаат големи „ретки земји“, а јас сакам сигурност на „ретките земји“, рече тој во Вашингтон, додавајќи дека Украина е „подготвена да го направи тоа“.

Митревски: Трендафилов не е легитимен претседател на ССМ

Поранешниот прв човек на Сојузот на синдикати, Живко Митревски потврди дека Основниот граѓански суд - Скопје ја прифатил неговата тужба и донел одлука дека пред седум години незаконски бил сменет..

Митревски вели дека судот потврдил дека актуелнниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, бил нелигитимно избран со тоа неважечки се и сите негови активости досега.

Тој од Владата и надлежните институции побара веднаш да интервенираат и да го впишат како легитимен претседател на ССМ.

- Судот утврди дека е незаконско и ништовно решението на техничката министерка Ременски, дека е ништовен изборот на Дарко Димовски за претседател на ССМ, како и дека се ништовни сите дејствија, акти, статути, решенија,... донесени во негово време, истакна Митревски на прес-конференција.

Според Митревски сите актуелни разговори што сега се водат со Владата и Економско-социјалниот совет се нелигитимни а Трендафилов не може да ги претставува работниците.

Минатото лето Митревски и Трендафилов имаа бурна расправа пред згрдата на ССМ токму околу истата тема, која кулминираше откако Трендафилов симна фотеља пред зградата на Синдикатот.

Трендафилов дојде на челната позиција на ССМ во јуни 2023 по конгресот на кој беше единствен кандидат, непосредно откако неговиот претходник Дарко Димовски почина по кусо боледување.

Засега Трендафилов молчи во однос на тврдењата на Митревски,но на неговиот фејсбук профил објави фотографија и статус со провокативна содржина

Мицкоски: Судската одлука на Уставниот суд ќе мора да се почитува

Одлуката на Уставен за понитушвање на солидарниот данок е конечна, мора да се почитува, ќе најдеме решение како да ги вратиме речиси 50 милиони евра на 156 компании, вели премеирот Христјан Мицкоски. 

По вечрашната одука на судот, освен што државата треба да ги врати парите кои фирмите ги платиле по основ на солидарен данок, компаниите имаат право да бараат и камата, Мицкоски вели ќе се прави мапирање на сите засегнати и поединечно ќе се разговара со нив за да се најде соодветно решение. Вели не е исклучена ниту можноста да се бара одговорност од носителите на законот, во тек биле консултации со правни експерти за евенутална кривична одговорност.

„Нека излезат сега пред граѓаните и пред јавноста и нека кажат кој ќе ги врати овие 50 милиони од Соравиа ли ќе ги вратиме, од ролс ројсот ли ќе ги вратиме, од инстант фирмите за јаглен ли ќе ги вратиме еве нека излезат сега и нека им кажат на граѓаните. Но она што го разговарав вчера со министерката ќе направиме мапирање на тие компании, ќе разговараме со нив и ќе најдеме решение....“-изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Одговорност од носителите на законот побараа и од Сојузот на Стопански комори. Оттаму посочуваат дека оние кои го донесоа ова законско решение треба лично да ја надохнадат предизвиканата штета.

„Ние како Сојуз на Стопански комори сме од самиот почеток на став дека слоидарниот даник е противуставна категорија и дека покрај сите релевантни предупредувања од институциите беа игнорирани и се донесе намера и тенденциозна одлука и треба да се поведе кривична одговорност. “ Сојуз на Стопански комори.

Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон Уставен ја поведе во ноември минатата година, со спојување на повеќе иницијативи поднесени од бизнисот, а конечната одлука во која како главни причини поради кои законот е поништен беа наведени ретроактивноста, селективноста и нарушувањето на правната предвиливост, се донесе вчера. Солидарниот данок беше воведен како еднократна вонредна давачка во 2023 година, предлагач беше тогашната влада, а законот се донесе по скратена постапка со европско знаменце. Обврска да го платат имаа компаниите кои во 2022 година остварлите вкупен приход поголем од 10 милиони евра. Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата.

притисни ентер