Продолжува битката за судењето за случајот „ТНТ“ - Канал 5

Продолжува битката за судењето за случајот „ТНТ“

Поротничката во случајот ТНТ Лилјана Ивановска Кочковска поради притисоци и закани сакала да се повлече но по понудената заштита од Кривичниот суд се премислила. 

 Продолжува битката за судењето за случајот „ТНТ“

Откако адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски преку писмо тврдеше дека судот извршил притисок врз поротничката да присуствува на рочиштата за случајот ТНТ, од судот потврдија за намерите на Ивановска Кочковска но и сметаат дека се работи за закани врз судот и поротничката.

„Неспорен е фактот дека судијата – поротник вчера побара прием кај претседателот на судот на кој му се пожали дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – поротник и доколку е неопходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет“,- Кривичен суд Скопје.

Но на закажаните десетина рочишта од 13 месецов им се заканува ново одложување поради најавениот одмор на адвокатот Јовица Страшевски од 8ми до 17ти јануари. Судот објавувајќи го известувањето на адвокатот препознава опструкции. Страшевски за Канал 5 вели дека барал одложување на рочиштето за ТНТ кое првично било закажано за 17 јануари заради верските празници, но судот потоа го презакажал за 13-ти овој месец.

-Никој не ме извести дека судењето е презакажано, а јас имам семејство со кое планирам да го поминам зимскиот распуст. Ја охрабрувам поранешната судија - поротник Лидија Ивановска Кочковска која со поднесување на неотповикливата оставка испрати моќна порака,да продолжи да работи по законите во Македонија, да го почитува и применува владеењето на правото, да не потпаѓа под никакви притисоци закани уцени,ветувања.- Јовица Страшевски - Адвокат

Кривичен прашувајќи како адвокат знае за намерите на поротничката, ги повика надлежните институции меѓу кои и Судскиот совет и Обвинителството да преземат мерки. Известувањето на судот го добила и Адвокатската комора каде дисциплинска комисија ќе утврдува дали адвокатот направил повреди. Но и Страшевски ги повика МВР и Обвинителството да утврдат како поротничката се премислила околу оставката. Во меѓувреме Судскиот совет како надлежен за мандатот на судиите поротници останува на ставот дека на седница ќе одлучува на 27 јануари.

YouTube video

Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден

Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат.

Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден

Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“.

Се очекува Трамп да го напушти самитот на Г7 во Канада подоцна вечерва - еден ден порано поради случувањата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.

Американската телевизија Фокс њуз објави дека Трамп ќе свика состанок на Советот за национална безбедност.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека раното заминување на Трамп од самитот на Г7 во Канада е позитивен знак, со оглед на тоа што непосредната цел е да се натераат Израел и Иран да се согласат на прекин на огнот.

-Иран требаше да го потпише „договорот“ што им реков да го потпишат. Каква срамота и губење човечки живот. Едноставно кажано, ИРАН НЕ МОЖЕ да има нуклеарно оружје. Го кажав тоа одново и одново! Сите мора веднаш да се евакуираат од Техеран!“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи „Truth Social“.

Рано утрово, иранските медиуми објавија нови експлозии и силен оган од воздушна одбрана во Техеран. Воздушната одбрана беше активирана и во Натанц, каде што се наоѓа клучен ирански нуклеарен објект, објави иранскиот новински сајт Асриран.

Во Израел, сирените за воздушен напад се вклучија во Тел Авив по полноќ и се слушна експлозија откако иранските ракети повторно ја погодија земјата.

Иранските власти пријавија 224 смртни случаи, претежно цивили, во последните пет дена, додека Израел соопшти дека 24 цивили се убиени во истиот период.

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави дека околу 3.000 Израелци се евакуирани поради штетите предизвикани од иранските воздушни напади.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Состојба на патиштата

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. 

Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток и во петок.

притисни ентер