Штипскиот каратист Емил Павлов петти пат спортист на годината

Каратистот Емил Павлов петти пат ќе ја добие наградата спортист на годината за 2019 година од Општина Штип, вели за МИА претседателот на Комисијата за спорт и за прогласување спортист на годината Елмир Мандак.

Тој забележува дека комисијата, во која членуваат 13 советници од Советот на Општина Штип, новинари и спортски работници едногласно ја донесоа оваа одлука за Павлов кој, како што рече, има уште три турнири за обезбедување присуство на Олимпијадата во Токио.

– Најдобра екипа за 2019 година е Карате клуб-Штип, најдобар тренер е Сашко Арсовски, кој и на државно ниво ја зеде оваа награда. Марија Гогова ќе ја добие наградата за посебен придонес за развој на спортот, бидејќи по 30 години ја активира женската кошарка во Штип. За најдобри наставници по физичко во средното образование е прогласен Новит Здравев, а за основните училишта Звонко Рунчев, вели Мандак.

Тој додава дека комисијата одлучила награди да добијат во пионерска конкуренција – прво место за Тамара Ристова, Карате клуб „Астибо", второ место –  Јован Данилов, кик бокс клуб „Гладијатор" и трето место за Драган Ефтимовска, Карате клуб – Штип.

– Во категорија кадети првото место е за Стефан Штерјов, борење „Балканец",  второ место  Љупче Михаилов, Карате клуб – Штип, третото место го делат Фадил Назифов, борење „Балканец" и Никола Нацев кик бокс „Гладијатор". Во категорија младинци првото место е за Давид Мишев, борење „Балканец", второ место Марјан Попадинов, кик бокс и  третото  место го делат Григор Хаџи Кимов карате и Христјан Јованов. Во сениорска конкуренција прво место Емил Павлов, второ Владимир Егоров и трето место го делат Славче Арсов и Жарко Арсовски, вели Мандак.

Доделувањето на наградите и одржување на манифестацијата „Спортист на годината" за Општина Штип ќе се одржи на 15 февруари во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров". /МИА

Смеа до солзи: Ѓоковиќ си игра со заспанот Иванишевиќ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ отпатува за Дубаи за да игра на АТП турнирот во понеделник. Со него се и Горан Иванишевиќ и Маријан Вајда.

Снимката од авион објавена од Иванишевиќ ја покажува атмосферата во тимот на најдобриот светски тенисер. Додека Горан спиел, Новак, плачел од смеа, му го скршил сонот со тоа што му го допирал лицето, му зборувал и се превртува од смеење.

„Не знам за вас момци, но ова се нарекува мобинг. Што мислите? Дали Ноле заслужува добра одмазда? Сите предлози се повеќе од добредојдени, оставете го старецот да спие“, напиша поранешниот хрватски тенисер.

 Ѓоковиќ неодамна му се обрати на Горан во интервју за Индекс. Тој откри дека му е идол, дека тој тренирал со него во пресрет на историската победа на Вимблдон во 2001 година и дека го гледа како пријател, повеќе отколку како тренер.

Поради коронавирусот, откажан тенискиот турнир во Кина

WTA Tour денеска го објави откажувањето на турнирот што требаше да се одигра во кинескиот град Ксиан кон средината на април, поради заканата од епидемија на коронавирусот.

Xian Tournament, категоријата WTA 125 беше на програмата од 13-19 април, а интересно е што WTA Tour се уште не објави откажување на турнирот во јужниот кинески град Кунминг, кој започнува на 27 април.

Повеќе од 2.100 луѓе починаа од почетокот на епидемијата на коронавирусот, најмногу во Кина, поради што се откажани бројни меѓународни натпревари, вклучително и Гран-при на Формула 1 Кина, што требаше да се одржи на 19 април.

Јувентус му нуди 50 милиони на Манчестер Јунајтед плус еден играч за Погба

Јувентус е подготвен да му понуди на Манчестер Јунајтед 50 милиони евра и Арон Ремзи за да го врати Пол Погба во Торино, јавуваат италијанските медиуми.

Јунајтед бара дури 150 милиони евра за францускиот играч од средниот ред и светски шампион. Сепак, на „Олд Трафорд“се подготвени да ја разгледаат понудата на Старата дама.

Ремзи пристигна во Јувентус претходно оваа сезона од Арсенал без надомест, но не успеа да му се наметне на новиот тренер Маурицио Сари. Ниту Погба не е најсреќен на „Олд Трафорд“ и наводно нема ништо против да се врати во клубот во кој играл од 2012 до 2016 година.

Пред осум години, Манчестер Јунајтед и Јувентус водеа војна за францускиот играч од средниот ред, а во наредните години прашината се смири.

Погба пристигна во Манчестер Јунајтед од Ле Авр како 16-годишник во 2009 година, но избега во Јувентус три години подоцна бесплатно. Легендарниот Алекс Фергусон откри пред неколку години дека Погба требал во тоа време да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, но неговиот менаџер Миноа Раиола се договорил со Јувентус.

Французинот остана во Јувентус до август 2016 година кога се врати во Манчестер Јунајтед за дури 105 милиони евра, но сега се приближува до враќање во Торино.

притисни ентер