Адвокатот Страшевски го повикува на отворен ТВ дуел претседателот на Кривичниот суд Џолев за ТНТ

Отворено писмо до петседателот Основниот кривичен суд г-дин Иван Џолев.

15 клучни прашања да се дознае вистината за ТНТ?

Почитуван г-дин Џолев,

Во врска со соопштението на Основниот кривичен суд Скопје објавено на 31.01.2020 година со кое ја информирате јавноста дека почнувајќи од 13.01.2020 година судот одлучил секој ден да има рочиште за предметот ТНТ, а и во врска со соопштението на Основниот кривичен суд од 08.01.2020 година Ви се обраќам :

Писмата кои се испратени до судот и до судијата поротник не се никакви закани нити притисоци само се укажувања согласно важечките Закони во Македонија и истите се со една единствена цел за доследно почитување и владеење на правото.

Почитуван колега Иван Џолев Ви се обраќам и Ве замолувам на јавноста да и ги одговорите следниве прашања:

1. Врз база на која методологија, критериуми и меѓународна судска пракса утврдивте дека до 27.1.2020 година мора да заврши предметот ТНТ а притоа повикувајќи се на ефикасност на постапката, судење во разумен рок како и почитување на правата на обвинетите и оштетените?

2. Зошто предметот ТНТ доби предност пред сите останати предмети кои се водат пред Основниот кривичен суд па мораше да се одлагаат сите закажани судски рочишта во месец декември 2019 година, а истото го планирате и за месец јануари 2020 година?

3. Врз база на што утврдивте дека овој предмет има исклучителен јавен интерес па од Судскиот совет спротивно на закон побаравте продолжување на мандатот на двете судии – поротнички.

4. Дали јавниот интерес за Вас е осудување на поранешни функционери и исплата на штета од 50 милиони евра на Претседател на партија која е дел од владечката коалиција?

5. Како утврдивте дека евентуалната штета што е предмет на овој кривично правен предмет и при евентуална пресуда треба да се исплати од Буџетот на државата на оштетениот Фиат Цановски во висина од 50 милиони евра е највисок приоритет во македонското судство?

6. Зошто предметот ТНТ има поголема важност и приоритет од предметите како

Монструм, Талир 1, Тендери, Топлик и други предмети каде членови на судечки совет се судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани?

7. Дали вистината за убиството на децата кај Смилковското езеро е помал приоритет од штетата што се очекува да се исплати на Фиат Цановски пред парламентарните избори?

8. Кој ќе сноси одговорност што предметите Монструм, Талир 1, Тендери, Топлик и останатите ќе почнат да се судат од почеток бидејќи при почеток на овие рочишта двете поротнички имале наполнето 60 години, што е услов за престанок на нивниот мандат т.е не смееле да бидат именувани?

9. Како сте утврдиле од 100 тина именувани поротници баш овие две да бидат дел од предметите каде има огромен медиумски интерес?

10. Зошто и на чие барање поротничката Лилјана Ивановска – Кочковска на која веќе и е истечен мандатот ја втурнувате во правење на кривично дело лажно преставување од член 391 од КЗ.

11. По кој закон и член инсистирате Судскиот совет да констатира престанок на мандатот за поранешниот поротник Лилјана Ивановска – Кочковска на која веќе и е истечен мандатот, кога таквa изричита одредба дека Судскиот совет треба да констатира дека е истечен мандатот не постои во ниту еден закон.

12. Дали со продолжување на судењето со поротничката на која веќе и е истечен мандатот се изложувате на кривична одговорност и тоа злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 в.в со став 1 како и за поттикнување за сторување на кривично дело, лажно преставување од член 391 кое би било сторено од лицето Лилјана Ивановска – Кочковска т.е за сторено кривично дело од член 391 во в.в со член 23 од Кривичниот законик.

13. Дали сте свесни дека со ваквото постапување а имајќи го во предвид Законот за кривична постапка однапред се знае дека доколку биде донесена одлука од судечкиот совет во кои учествува лице на кои му е истечен мандатот и лажно се преставува како судија – поротник согласно член 415 ст.1 т.е 1 од ЗКП ќе биде донесена пресуда која неминовно ќе биде укината од страна на Апелациониот суд за што има веќе воспоставена судска пракса.

14. Сакам целата македонска Јавност да биде запознаена дека конкретно за случајот ТНТ има над 15 рочишта кои се одложени поради отсуство од приватни причини на судиите , како и отсуство на судија поротник , како и дека најмалку 5 рочишта се одложени по барање на јавниот обвинител поради проблемите кои настанаа во СЈО,и по сите овие одложувања на рочиштата акцент се става дека одбраната сака да прави опструкции за одолговлекување на постапката, а за волја на вистината нити предметот застарува нити има потреба од брзање во постапката ниту пак потреба од незаконско постапување ,спротивно на закон на кое се инсистира од страна на судот.

15. Почитуван колега Џолев ( мој колега од факултет)случајот ТНТ доби голема медиумска популарност од тие причини а заради дознавање на вистината на нашите спротивставени ставови ве повикувам на отворен ТВ дуел на која ТВ сакате кои новинари вие сакате да ги повикате најдоцна до 13.01.2020 година, со законите во раце да дебатираме и целата македонска јавност да ја дознае вистината и конечно да завладее правото во Македонија.

Адвокат Јовица Страшевски

Попладневната дремка може да има последици врз мозокот

Дали редовно преспивате во текот на денот, ако одговорот е потврден и спиењето трае подолго од еден час, ви се заканува опасна болест!

Најновото истражување покажува дека попладневната дремка, колку и да ни ја враќа енергијата, може да има последици врз мозокот.

Некои се колнат во регенеративната моќ на дневното преспивање, но една неодамнешна студија сугерира дека предолгото дремење може да има сериозни здравствени последици. Според истражувањата, спиењето повеќе од еден час во текот на денот може да го зголеми ризикот од мозочен удар за речиси една четвртина.

Додека пократката дремка од 30 до 40 минути може да ја подобри концентрацијата и да ја обезбеди потребната енергија, истражувањата покажаа дека подолгите дремки можат да го зголемат ризикот од сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес тип 2 и прерана смрт.

Студијата, спроведена од Институтот за исхрана на Универзитетот Фудан во Шангај, ги анализирала податоците од обрасците на спиење и ризикот од мозочен удар кај повеќе од 90.000 луѓе на возраст над 50 години. Истражувачите откриле дека луѓето кои редовно преспивале подолго од еден час во текот на денот имале 23 отсто поголем ризик од мозочен удар во споредба со оние кои не практикувале долга дремка.

Според податоците, околу 100.000 луѓе во ОК секоја година претрпуваат мозочен удар, кој се јавува кога згрутчување ќе го блокира дотокот на крв во мозокот. Ова може да предизвика делумна парализа, проблеми со говорот, па дури и смрт.

Истражувачите откриле дека ризикот од мозочен удар е особено висок кај луѓето кои спијат помалку од седум часа навечер. Научниците сугерираат дека нездравите обрасци на спиење, вклучувајќи го и предолгото дневно дремење, може да доведат до воспаление на крвните садови кои го снабдуваат мозокот, зголемувајќи ја можноста за згрутчување на крвта.

„Дневната дремка е вообичаена ширум светот, но нашите наоди сугерираат дека има негативни здравствени последици кога луѓето користат подолга дремка за да го компензираат недостатокот од ноќен сон“, рече истражувачкиот тим.

Според истражувањата, секој петти Британец редовно дреме во текот на денот, што ги доведува во прашање навиките за спиење кај многумина. Додека кратките дремки можат да бидат корисни за краткорочно обновување на енергијата, предолгото спиење во текот на денот може да има долгорочни негативни ефекти врз здравјето.

Што навистина свекрвата бара од снаата?

Еве што советуваат стручњаците, дали сте спремни на ова?

Кристен Терет, која посебно се занимава со односот снаа и свекрва, меѓу другото и од свое лично искуство, открива малку поразлична слика на односот за кој многумина веруваат дека никако не може да биде квалитетен.

Несогласувањето помеѓу свекрва и снаа веќе стана клише, бидејќи овие две се најважните жени во животот на еден маж, а најчесто не се сакаат. Колку мајката е поприврзана за синот (особено ако е единец), толку е попосесивна, и што и да прави снаата, е апсолутно погрешно. Барем така се чини врежаното народно мислење.

Меѓутоа, стручното лице за меѓучовечки односи Кристен Терет, која ги проучувала односите помеѓу свекрвите и снаите, а делумно врз основа на лично искуство, смета дека тоа не мора да биде така. Таа нагласува дека својата свекрва ја познава повеќе од половина живот, но и дека имала среќа што таа не е класична посесивна мајка, што значително го олеснило нивниот однос.

Кристен верува дека ја нашла „формулата“ за согласување на овие две најважни жени во животот на секој маж. Како што објаснува, има 8 работи што секоја свекрва ги очекува од својата снаа.

1. Снаата како пријателка

Како што растат децата, секоја жена сфаќа дека најмногу време поминува со родителите на децата со кои тие се дружат.

- Сè уште ги сакам моите стари пријатели, но не ги гледам често. Се преселивме во различни градови, нашите деца одат во различни училишта... Се прашувам што ќе се случи кога моите деца ќе се отселат, а јас ќе останам сама. Мојата свекрва, која е сама ппреку 15 години, нема многу добри пријатели надвор од семејството. Ако можам да ѝ бидам пријателка на свекрва ми, треба да бидам и сакам тоа да го направам за неа“, рече Кристен.

2. Да му се олесни животот на сопругот

Во некои бракови, сопружниците си го отежнуваат животот со разни драми, расправии, постојано жалење и несогласувања. Ова има многу лошо влијание врз бракот. Ако нечиј брачен живот е тежок, како тогаш тој да се справи со проблеми како што се болест, губење работа, финансиски проблеми или проблеми со деца тинејџери?

- Сите свекрви сакаат нивните снаи да им го олеснат животот на синовите. Пригответе му ручек или вечера, оставете му љубовна порака на вашиот сопруг, кажете му дека ја цените неговата напорна работа и труд. Било што. Колку е мажот посреќен со вас, толку повеќе ќе ве цени свекрвата - вели Терет.

3. Љубов кон сопругот

Сопругата покажува колку го сака својот сопруг според тоа како зборува за него. Ако го пофалите сопругот пред свекрвата, покажувате колку прекрасен живот имате со него, таа ќе се чувствува горда како мајка што добро го воспитала своето дете. И тоа е најдобрата награда за секоја мајка, нели? Освен тоа, како реагирате вие кога некој ќе го пофали вашето дете, а како реагирате кога некој го критикува? Ставете се на нејзино место и полесно ќе ја разберете.

4. Снаа која знае да слуша

Свекрвата сака снаа која ќе ѝ биде пријателка, а добар пријател е оној кој има способност да слуша.

- Рано сфатив дека на мојата свекрва ѝ е потребен некој кој ќе ја сослуша, со кого ќе разговара за нејзиниот ден, плановите за викенд или претстојните семејни собири. Мора да се потрудите да научите како добро да слушате. Не сум секогаш добра во тоа, но се трудам да ѝ дадам до знаење на свекрва ми дека секогаш може да разговара со мене и дека секогаш ќе најдам време за неа - изјавила Кристен.

5. Не повторувајте ги грешките

Како што нагласила Кристен, нејзината свекрва е свесна за грешките што ги направила при воспитувањето на синот и се труди да не ги повтори со внуците.

- Некои периоди од детството на мојот сопруг не беа убави. Тој поминал низ работи кои ниедно дете не би требало да ги помине, и гледам дека неговата мајка искрено се обидува неговите деца да не мора да ги поминуваат истите работи. Со оглед на сопствените грешки, можам да ѝ простам на свекрва ми за нејзините родителски грешки. На крајот на краиштата, таа сепак создала добар човек и маж за кој се омажив - истакнува таа.

6. Помош околу технологијата

Ова можеби звучи смешно, но постарите луѓе, како вашата свекрва, потешко се снаоѓаат со мобилни телефони, компјутери и сите чуда на технологијата. Очекуваат нивната снаа да им помогне полесно да ги надминат овие проблеми. Бидете трпеливи, научете ја како да ги користи социјалните мрежи за да може да разговара со своите внуци и таа ќе биде благодарна.

7. Прифатете ја различноста

Свекрвата и снаата обично се комплетно различни. Свесно или не, мажот избира жена која е или иста како мајка му по однесување и карактер (што е посебна приказна) или пак некоја која е целосна спротивност на неговата мајка.

- Разликите не мора нужно да бидат лоши. Не можам да се сетам колку пати сум го прегризала јазикот во овие 18 години брак и сум ѝ преќутила некои работи на свекрва ми. Во тој момент тоа не ми одговараше, но долгорочно тоа беше мудар потег. Ваквиот начин на размислување ќе ве спаси од многу проблеми – изјавила Кристен.

8. Љубовта не е натпревар

Љубовта не е натпревар и обидете се тоа да го избегнувате по секоја цена во вашиот брак. Барањата како „таа или јас“ никому нема да му донесат добро и го ставаат мажот што го сакате во небрано помеѓу двете жени кои му се најважни животот.

- Истото важи и за децата и за внуците. Колку пати свекрва ми купила нешто скапо за ќерка ми што не сме можеле да си го дозволиме. Таа ѝ ја исполнила желбата на внуката и тоа треба да се почитува. Грешката што ја прават многу снаи е што веруваат дека нивните свекрви се обврзани да купуваат и да ги исполнуваат желбите на нивните внуци. Не, тоа е прашање на нивната добра волја, а бабата која сака да биде дел од животот на своите внуци заслужува почит - порачува Кристен.

Ангелов: Од некаде мора да се почне!

„Ако нема материјал дома помеѓу граѓаните, никакви странски пари не можат да ги натераат граѓаните да протестираат“

Добар старт се полициските акции, од каде гледаме како се започнуваат многу постапки, се апсат сторители на кривични дела, но не на спектакуларен начин онака како што се правеше тоа претходно. Од некаде мора да се почне, МВР е првата ударна тупаница и го храни јавното обвинителство. Дали УСАИД во периодот на парламентарните избори беше моќна организација, да, но главен суверен се граѓаните. Да не заборавиме дека ако нема материјал дома помеѓу граѓаните, никакви странски пари не можат да ги натераат граѓаните да протестираат, рече Стојанче Ангелов во Само Вистина.

притисни ентер