КРУШЕВСКO ТОПЕНО СИРЕЊЕ

Рецепт на АНИТА ТРАЈАНОВСКА

Потребни состојки: 1 лажица доматен сос, малку млеко, 50 гр. фета сирење, 50 гр. овчо сирење и 100 гр, кашкавал.

Постапка:

Во земјен сад состојките се ставаат по следниот редослед: доматен сос, малку млеко, фета сирење, овчо сирење и рендан кашкавал.

Се става во загреана рерна да се пече околу 15 минути на 250 степени.

Филипче: Младите лекари вклучени во креирањето здравствени политики

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со специјализантите и младите лекари  од Општата болница, Здравствениот дом, Специјализираната болница „Свети Стефан" и Специјалната болница „Свети Еразмо" од Охрид.

Средбата беше искористена за запознавање со мерките што се спроведуваат во рамки на Министерството, како и да се слушна предлози и мислења на лекарите во насока на унапредување на здравствениот систем.

-Младите здравствени работници активно се вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само тие можат да кажат кои мерки и политики се најдобри за младите специјализанти, лекари, медицински сестри. Изминатиот период направивме многу за да ги мотивираме и да бидат задоволни од својата работа. Спроведовме низа активности. Со измените кои ги направивме во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршување на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалувањето на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата, потенцираше министерот Филипче, истакнувајќи дека е напуштено времето на како што истакна „лихварски договори".

Како што рече, за четиригодишниот период 2019-2022 одобрени се илјада специјализации и супспецијализации, како и платен труд за приватните специјализанти се платени за својот труд. Истовремено е дадена согласност за пет илјади вработувања во здравстввениот систем.

Според Филипче, направени се напори за соодветно вреднување и мотивирање на младите лекари, се со цел да се почувствуваат дека се дел од тимот, од системот.

-Отворивме можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство. Сега, веднаш по добивањето на лиценца, вратите на младите им се отворени за работа со пациенти. Согласно измените во Законот за здравствена заштита тие треба да поминат на работа шест месеци во јавните установи во дејностите на итна медицинска помош, патронажна дејност и поливалентна патронажа", рече министерот Филипче.

Кога станува збор за примањата на здравствените работници, министерот потсети дека за 40 проценти се зголемени платите на лекарите специјалисти, од 20 до 23 проценти на медицинските сестри, покачување на платите на општите лекари до 25 отсто.

-Со вистинските здравствени политики ќе продолжиме и во следниот период. Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Продолжуваме со зголемувања во платите и надоместокот за дежурства, подобрување на условите во здравствените установи и набавување на најсовремена медицинска опрема, истакна Филипче. /МИА

Мицкоски од Прилеп: Клучното прашање кое секој треба да си го постави на изборите е дали живее подобро

Денеска сме овде во Прилеп, разговараме со прилепчани поврзано со оваа тешка сурова реалност која што се случува изминатите три години, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ..

Тоа можевме да го слушнеме и од нашите соговорници без разлика дали станува збор за граѓани кои што се вработени во администрацијата, луѓе кои што се занимаваат со некој вид на претприемништво, занаетчии, пензионери, млади, буквално секаде низ Прилеп состојбата е иста како што е впрочем низ цела Македонија, а тоа е лоша тешка, тешко се живее, младите не чувствуваат перспектива во Македонија и гледаат час поскоро да ја напуштат, повозрасните, поискусните се разочарани, исто така се обесхрабрени, понижени, омаловажени, практично една тешка слика.

Но, она кое што можеме да го слушнеме од нив е дека Коалицијата за обнова на Македонија добива акламативна поддршка, добива огромна поддршка од прилепчани, и јас чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена од денеска овде во Прилеп, Коалицијата за Обнова на Македонија ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа од независна Македонија.

Клучното прашање кое што го поставуваме до прилепчани е дали живеат подобро, без исклучок, 100 проценти од одговорите кои што ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат многу полошо и од порано.

Така што сето она 12 дена кампања го слушнавме низ Македонија се повторува и овде во Прилеп и тоа е доказ дека нема исклучоци, дека буквално оваа тригодишна пандемија од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев буквално ја зафатило цела Македонија.

Така што еве јас тука би завршил со впечатокот, денеска продолжуваме во Кривогаштани, Крушево, повторно вечерва се враќаме тука пред прилепчани имаме мал собир со граѓани, се надевам дека и таму ќе слушните дел од пораките кои што практично ги опфаќа нашата читанка Проект обнова.

Прашање: Вчера имаше аудио запис дека се правел план за палење на возило на ваш член, односно член на ВМРО-ДПМНЕ, вашиот коментар?

Имаше реакција од Русковска и Кацарска околу употреба на нивните ликови во вашите нови спотови, ваш коментар?

Одговор: Што се однесува до вашето прво прашање, нормално е човек кога ќе го слушне тоа добива чувство на згрозеност и чудоневиденост практично каква е коалицијата помеѓу оваа влада и ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и на неговото семејство, што би рекол еве дискутабилни и проблематични структури во општеството. Слушаме како се прави план за палење на возило на лице кое што е блиско до опозицијата, во случајот ВМРО-ДПМНЕ и самото тоа може да потврди впрочем кој е организаторот, сценарист и оперативно кој го спроведе она што се случи на потпретседателот Мисајлоски. Еве она нека биде една индиција, нека се позанимаваат обвинителите и јас тука би се надоврзал веднаш на вашето второ прашање, наместо да се занимаваат со спотовите на опозицијата кои што имаат за цел сатирично да ја прикажат реалноста во нашата држава, наместо да се занимаваат со тоа што го прави опозицијата еве стигаат, допира гласот до нив има индиции за адвокат кој што говори за 6 милиони, гледаме како бизнисмен нудиле или платиле 300 илјади евра, се споменуваат лица кои што се дел од Владата, највисокото раководство на Владата предводена од СДСМ, ДУИ и Зоран Заев. Така што јас би ги охрабрил и Русковска, а потоа и Кацарска наместо да работат под политички диктат и да се трудат од петни жили да ги задоволат страстите на Зоран Заев да се позанимаваат со она за што народот ги плаќа, тоа е да обвинуваат по закон и да судат по закон. Деновиве имавме многу таков материјал да можат тие да постапуваат, еве јас ги охрабрувам нека постапуваат.

Прашање: Тука сте денес во Прилеп, во регионот, што е она што како партија барате промени на граѓаните и ја бара довербата од граѓаните на следните парламентарни избори, што е она што вие ќе им понудите?

Одговор: Многу пати во минатото Зоран Заев и би рекол ова раководство на СДСМ говореше дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма. Ние дури и организиравме настани низ цела држава кои што ги именуваме како „Разговори за Обнова на Македонија“, оттаму собиравме идеи, предлози од граѓаните, потоа внатрепартиски работевме, многу експерти кои што се политички определени и неопределени, од земјава и од странство учествуваа во изработка на овие 360 страници многу внимателно одбрани во кој што има повеќе од 1000 проекти, мерки, политики и така натаму. Буквално има таму за секого, во сите области. Ние чуда не ветуваме, ние не сме СДСМ, ние не сме волшебници, ние тоа што ќе го ветиме тоа и ќе го исполниме затоа што нашиот политички противник знае да вети многу работи, а прашање е дали во еден мандат ќе успее по некој едноцифрен процент од тоа што ќе го вети да го испорача. Ние стоиме со нашиот кредибилитет и во проектите во економијата и во проектите во здравството и во проектите за младите, за повозрасните, за пензионерите, за индустријата нов принцип на реиндустријализација, дигитализацијата ние како проект го најавивме па потоа бледо го копираа овие од СДСМ, за земјоделците буквално има за сите, за ранливите категории, за невработените, буквално таму ќе најдете за секого по нешто за деталите ќе зборуваме вечер на нашата средба со граѓаните. Од прилика имаме 20-тина проекти позади кои ја брендираме нашата кампања, тие истите ќе ги повториме вечер на средба со граѓаните. И јас сум сигурен од она што можам да го нудам дека оваа програма наречена „Проект-Обнова“, навистина предизвика внимание секаде онаму каде што бев овие 12 дена. За разлика од тоа нашиот политички противник гледаме се уште не може да се соземе и да барем еден проект кој што е поврзан со нивната програма да го анализира. Всушност има еден кој што пред некој ден го споменуваат, а тоа е во периодот пред изборите во април месец што требаше да се случат, најавија пораст на платата на 36.000 денари, сега ја намалија на 34.000 денари. Оние 30.000 фамозни, 500 евра плата сега се 34.000 денари. Иако за целиот 3 годишен и некој месец мандат не успеаја буквално ниту 2-2.500 денари да ја зголемат платата, и покрај сиот државен интервенционализам и сите оние наметнати политики успеаја да стигнат до нешто повеќе од 25.000 денари. Така што едната лага сега се прошири и надгради, наместо 30.000 стана 34.000 денари. Но оставам тоа на нив, оставам на нивниот начин на обраќање на граѓаните, ние цениме дека ова што го правиме наидува на поддршка и впрочем еве за нешто помалку од 10 дена граѓаните ќе дадат одговор на оваа кампања, кој успеал да ги добие симпатиите, а кој не успеал.

Прашање: Шекеринска вели дека е лицемерно ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда и правна држава, кој не може да му достави од судските власти покана на Милошоски. Милошоски вели дека од 10-ти април ја има примено поканата, тој е на инфективна нели.

Одговор: Лицемерно е кога Шекеринска зборува за лицемерие бидејќи таа е заменик – претседател на лице кое што е два пати аболирано за сторен криминал. Лице кое што во минатото сите ние го гледавме како води политика по принципот евро за батето, евро за другите. Лицемерно е кога Шекеринска зборува за лицемерие, а притоа во ниту еден момент не споменува висок функционер доскорешен директор како туце со банкноти става во куфер. Исто така и лицемерно е од Шекеринска да зборува за лицемерие наместо да се фокусира на „Рекетот“, на Луј Витон куферот полн со евро банкноти, на „трас трас“ судските одлуки. Впрочем е лицемерно Шекеринска да зборува, доста е од транзициони политичари, истрошени политичари, кои што навистина покрај празните флоскули кои што се дел од нивниот политички хабитус немаат ништо што да понудат на граѓаните. Време е за луѓе кои што се мотивирани, кои што позади себе имаат голема биографија да понудат нешто поразлично од ова политичко мочуриште што го нуди ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев.

Прашање: Коментар за изјавата на Села, ако ти направат македонска влада, тие ќе направат албанска влада.

Одговор: Па, тоа е исто дел од оној фолклор кој што се случува помеѓу албанските политички партии, кој да отиде по десно во наративот. Јас колку што знам, господинот Ахмети ги повикуваше Албанците паартии, пред да почне оваа кампања, да формираат албанска коалиција, од страна на господинот Села тоа беше одбиено. Сега не знам што го натера, наеднаш, да размислува во таа насока. Тоа е етноцентрично, тоа не е во духот на она што ни претстои, а тоа се конечно датум за отпочнување на преговори со Европската Унија и приближување кон Европската Унија бидејќи оваа држава е заедничка за сите граѓани. За Македонците, кој што се мнозинска заедница и за немнозинските заедници како што се Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и секоја изјава која што оваа хармонија ќе ја наруши не е добра и на тој начин не се мобилизираат гласови туку напротив, се демагнетизираат, демобилизираат гласови. Но, впрочем, тоа е начинот на кој што тие одбрале да ја водат нивната политика.

Прашање: Тогаш зошто Заев ви понуди, евентуално 15 пратеници или пак 8 Вие?

Одговор: Тоа ќе го прашате господинот Зоран Заев, тој ја даде таа изјава, јас не ја дадов таа изјава. Но, да бидеме прецизни, он на тоа помалку комично соочување, кажа 13 пратеници му се потребни од ВМРО-ДПМНЕ а он би дал, ако не се лажам, пет или осум, алудирајќи на математика која што на нему само му е позната. Иако јас до ден денеска сум прилично вешт во математиката не можам да се сетам што сакаше да каже, но тоа го зборуваше господинот Заев. Претпоставувам ќе дојде овде во Прилеп и ќе можете него да лично и директно да го прашате. Но јас, со луѓе за кои што постои основано сомневање за сторен криминал, немам намера да коалицирам. Еден од тие ликови е господинот Зоран Заев.


Царовска во Влае: Нудиме перспектива за младите и идните генерации

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, вчера вечерта се сретна со жителите на населба Влае и ги повика да гласаат на 15 јули, се наведува во партиското соопштение. .

„Нудиме нова развојна економија која носи стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите. Воспоставивме модел што ги штитиме работниците и генерираме повисоки плати и подобри работни места. Воспоставуваме модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца, младите и идните генерации", рече Царовска.

„Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите", рече Царовска.

Царовска рече дека СДСМ се грижи и за повозрасните.

„Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Минималната плата ја зголемуваме до 40%, а просечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите" рече Царовска.

притисни ентер