КРУШЕВСКА ПИТА

Рецепт на КРИСТИНА ТАЛЕСКА

Потребни состојки: 800 гр. брашно, 150 мл.масло, млака вода по потреба, 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, малку квасец, 500 гр. урда, 3 јајца, 250 мл. кисело млеко и ½ маргарин.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се додава: масло, сол, шеќер и квасец.

Се додава млака вода и се замесува тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои околу 15 минути на собна температура.

За тоа време се подготвува филот.

Во поголем сад  урдата се меша со јајца и кисело млеко.

Тестото се дели на два дела.

Од првиот дел се сука долната кора и се премачкува со стопен маргарин и масло.

Потоа кората се поросува со брашно, се сече спирално и се формира колаче.

Истата постапка се повторува и со вториот дел од тестото.

Двете колачиња се ставаат во фрижидер да отстојат 10 минути.

Од првото колаче се сука првата кора и се става во тепсија премачкана со стопен маргарин и масло.

Ододгора кората се премачкува со стопен маргарин и масло и се става филот од урда, јајца и кисело млеко.

Од второто колаче се формира поголема кора, се набира и се става врз филот.

На краевите се формираат витки и се попрскува со стопен маргарин и масло.

Се пече во загреана рерна околу 25 минути на температура од 170 до 200 степени.

Единаесетгодишна Сара победник на натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната

Единаесетгодишна ученика Сара Цветковска од Скопје освои прва награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) по повод Светскиот ден на храната 2019 година.

Како што информираат организаторите на натпреварот, нејзиниот постер, на кој доминира пчела, е избран за прв од најдобрите три во категоријата од девет до 12 години.

– Пчелите се клучни чинители во ланецот на исхрана и играат важна улога во зачувување на безбедноста на храната, подобрувањето на исхраната и борбата против гладот, соопшти ФАО.

Светскиот ден на храната, според организаторите, ја инспирирало 11-годишна ученичка од Скопје да ја претвори својата имагинација и уметнички талент во цртеж кој повикува на „заштита на пчелите за постигнување на Свет без глад #ZeroHunger".

– Благодарение на пчелите ја имаме храната што ја јадеме. Со заштита на пчелите го заштитуваме животот на нашата планета. Пчелите и другите опрашувачи се неопходни за производство на овошје, зеленчук, јатки, семиња и масла кои ги јадеме, богати со микронутритивни материи. Пчелите се под закана на низа човекови влијанија – употреба на пестициди, загадување на воздухот и климатските промени, истакна Сара, која во својот цртеж објаснува „Пчелата ја носи на својот грб нашата планета за да покаже дека на мајката природа и се неопходни пчелите за да создава здрава храна".

Според Сара, ние сме им потребни на пчелите за да ги заштитиме, а пчелите ни се потребни за безбедна иднина на нашата храна и за Свет без глад".

– Без млади луѓе како Сара, Светскиот ден на храната не би бил посебен. Сара и нејзините пријатели натпреварувачи ширум светот се шампионите на Целта за одржлив развој "Нула Глад", кои помагаат да се шири зборот дека нашите дејства се наша иднина. Со грижa за животната средина и одржливо живеење, сите можеме да помогнеме во зачувување на нашите екосистеми и безбедноста на храната, наведуваат организаторите.

Бред и Џенифер ќе посвојат дете!?

Холивудските ѕвезди Бред Пит и Џенифер Анистон се уште се интригантни за јавноста.

Американските медиуми пишуваат дека старо новата двојка планира да посвои дете. Тие пренесуваат дека Бред и Џенифер во моментов престојуваат во Мексико за да посвојат девојченце?!

-Тие ќе бидат извонредни родители. Двајцата сакаат подеднакво да бидат вклучени во животот на девојченцето кое наскоро треба да го посвојат, отркил извор за странските медиуми.

Според истиот извор поранешните сопружници дури планирале да купот куќа која ќе ја претворат во дом за девојченцето, како и дека на Бред и Џенифер многу им значи поддршката од фановите кои ја очекуваат потврдата за нивното смирување.

Помош од волонтерите на Црвен крст побарале 25.064 лица за да се снајдат на клинички

Волонтерите од Црвен крст за пет месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во Скопје, информира Министерството за здравство.

Од Министерството оценуваат дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.

-Во периодот од октомври, минатата година, кога стартуваше овој проект, до денес помош од волонтерите побарале 25.064 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека оваа мерка е корисна за пациентите, стои во соопштението.

Волонтерите, како што се појаснува, се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза", во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.

Волонтерите на Црвениот крст од искуствата на терен информираат дека најмногу пациенти побарале помош за упатување на интерните и на хируршките клиники./МИА

притисни ентер