РУЛЕТ ТАВА

Рецепт на АЛЕКСАНДАР ТАЛЕСКИ

Потребни состојки: 500 гр. свинско месо, 500 гр. пилешко месо, 500 гр. телешко месо, 300 гр. мелено месо, 500 гр. печурки, 2 главици кромид, 2 пиперки, 2 моркова, 1 модар патлиџан, 1 тиквичка, 1 црпалка сос од телешки коски, малку масло, сол и бибер по желба.

Постапка:

Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид.

Потоа се додаваат сечкани печурки и се продолжува со пржењето.

Се додават сечкани пиперки и моркови и се продолжува со пржењето.

Состојките се зачинуваат со сол и бибер по желба

Се додава сечкан модар патлиџан на коцки и сечкана тиквичка на коцки.

Свинското, телешкото и пилешкото месо се сече на коцки и се пече на скара.

Од меленото месо се формираат топчиња и се печат на скара.

Откако ќе се испече месото се додава во тавата со пропржените печурки и зеленчук.

Откако сите состојки добро ќе се промешаат се префрлаат во земјена тава.

Се полеваат со сос од телешки коски и се печат во загреана рерна околу 40 минути.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер