Хрватска избира меѓу Китаровиќ и Милановиќ

Непријатна ситуација утринава го дочека фаворитот на изборите во Хрватска Зоран Милановиќ. Кандидатот на социјалдемократите за нов шеф на државата беше вербално нападнат на избирачкото место во Загреб.

Милановиќ истакна дека нападот не го смета за случаен и дека ова е монтирана ситуација. Од друга страна гласањето на Китаровиќ помина во мирна атмосфера каде што ги повика граѓаните да излезат и да го искористат правото на глас.

Хрватска денеска одлучува на историски најнеизвесните избори досега. Двајцата кандидати Милановиќ и актуелната претседателка Грабар- Китаровиќ пред изборниот молк се соочија и на дуел, каде меѓу главните теми беа и евроинтергативните процеси на земјите од Западен Балкан.

Последната анкета на Ипсос покажа дека Милановиќ има предност од три проценти, бројка која се совпаѓа со исходот од првиот круг од изборите. Право на глас имаат околу 4 милиони жители, а првичните резултати ќе бидат соопштени околу 20 часот, или еден час по затворањето на гласачките места.

притисни ентер