Се претера и со „бриферите“. Наместо да го одбраните, го „дозакопавте“ Коста Петров

Канал 5 сака да им објасни на членовите на семејството на Ленче Николовска, кои го раководат порталот brif.mk, дека КОПИЈА, неовластена, е тешко кривично дело насекаде во светот за кое е предвидена и ефективна затворска казна. Плус...  

Канал 5 ТВ ви остава простор од 48 часа да ни се извините за сериозната клевета - „опозициски медиум“. Во спротивно до надлежниот суд ќе доставиме соодветен поднесок.

Истовремено, вашиот текст е „феноменален“. Имено, во истиот, сами си признавате дека видеото „30 секунди со...“ е авторство на Коста Петров, и дека истото е копија, односно плагијат, нашиот медиум ќе го достави , заедно со посоченото видео - „30 прашања со...“, при што ќе бараме да ни одговорат дали добиле барање за некаква „лиценца“ за овој нивен продукт.

За ваша информација, „лошиот оригинал“ не предизвикува никакво кривично дело туку претставува обид на одреден автор за сопствена креација. Од друга страна, „добрата копија“ ако воопшто може да се нареченешто добро во овој случај, го девалвира „авторот“ , кој и самиот знае дека не е оригинален автор, и можно е да предизвика евентуални кривично-правни последици.

Дополнително, постои и етички „проблем“, дали со ова видео не се фаворизира одреден член на СДСМ, потенцијален кандидат за Технички Премиер? Или пак можеби е „утешна награда“.
Да бевме на местото на Коста Петров, потпретседател на СДСМ , ќе ви речевме - аман „Бриф“, не ме бранете повеќе!

Линк до brif.mk

Германски амбасадор: Наскоро очекуваме нов бран бегалци од Украина

Германскиот амбасадор во Велика Британија, Мигел Бергер, денеска изјави за „Скај њуз“ дека во наредните недели очекува нов бран украински бегалци, што ќе се совпадне со ниските температури.

„Путин продолжува да го тероризира цивилното население. Ние сме многу загрижени поради тоа, бидејќи овие напади врз енергетската инфраструктура значат дека многу луѓе кои се смрзнуваат на ниски температури би можеле да бидат принудени да ја напуштат Украина“, рече Бергер, додавајќи дека очекува „нова бран на бегалци“ како резултат на тоа.

Снег веќе падна во голем број украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, а жителите се борат со ниските температури и руските напади врз енергетската инфраструктура, што предизвикуваат периодични прекини на струјата, водата и греењето. Од почетокот на војната, стотици илјади украински бегалци избегаа во Германија.

Во однос на дипломатијата, Бергер вели дека Германија не гледа суштинска промена во позицијата на Русија, што не го прави оптимист за преговорите меѓу Москва и Киев: „Не само што не гледаме суштинска промена во позицијата на Русија, туку и нема подготвеност за дипломатско решавање на конфликтот“.

Синот на фудбалска легенда на 13 годишна возраст потпиша договор со Реал

Ензо Алвес Виеира потпиша договор со Реал Мадрид.

Веројатно немаше да добие простор во медиумите доколку зад името не се криеше 13-годишниот син на клупската легенда и најодликуван играч на шпанскиот гигант, Марсело. Бразилскиот лев бек играше за Реал Мадрид од 2007 до оваа година кога потпиша за Олимпијакос.

Со Реал освои 25 титули, од кои шест за најдобриот тим во шпанското првенство и пет за најдобриот тим во Лигата на шампионите. Има две деца. Енцо има 13 години, постар брат на 7-годишниот Лијам. Марка го опишува младиот фудбалер како „голем скапоцен камен“ на младиот тим на Реал. Тој игра на позицијата напаѓач.

ЕСМ:ТЕЦ Неготино утре изутрина ќе почне со активности за ставање на електраната во производство

Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство.

Во договорот со економскиот оператор кој ги изведуваше работите беше наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите. Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработение кој во изминатите денови се вршеше под засилен надзор од генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, рокот е скратен за 10 дена. Во услови на енергетска криза тоа ќе значи економски и енергетски бенефит.

Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор Монтинг Инженеринг, вработените во ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина.

Генераторот е произведен во 1975г и во ТЕЦ Неготино е ставен во употреба во 1978г. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.

АД ЕСМ вложува максимални напори и засилено ги става во функција сите капацитети, со цел да се задоволи зголемената потреба од домашна електрична енергија, со оглед на зголемените задолжувања од страна на Владата кон АД ЕСМ за испорака на енергија кон Универзалниот снабдувач, институциите, како и бизнис секторот, соопштија од ЕСМ.

притисни ентер