Министерство за здравство: Регистрираните случаи на жолтица не се епидемиолошки поврзани

Министерството за здравство информира дека Одделението за епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на градот Скопје. 

Главно, регистрираните случаи на заразна жолтица не се епидемиолошки поврзани. Но, епидемиолошкото истражување покажа дека во населбата „Даме Груев" во општина Ѓорче Петров, од вкупно пријавени девет случаи на заразна жолтица во периодот од 11 ноември до 23 декември, седум се епидемиолошки поврзани.

– Со оглед на констатираната состојба и епидемиолошките критериуми за пријавување на епидемија, Одделението за епидемиологија при ЈЗУ ЦЈЗ Скопје пријавува епидемија на заразна жолтица само на подрачјето на населба „Даме Груев", општина Ѓорче Петров, Скопје. И во општина Шуто Оризари се регистрираат два епидемиолошки поврзани случаи (сестрички), но, нема индикации за пријавување на епидемија во Општината.

Во периодот од 01.09.2019 – 26.12.2019 година на подрачје на Скопје се регистирани вкупно 68 случаи на заразна жолтица (48 случаи се диференцирани како вирусен хепатитис А и 20 случаи се вирусен неозначен хепатитис) т.е. зголемен број на случаи во споредба со 2016 година, истиот период кога биле регистрирани шест случаи, 2017 со 35 случаи и 2018 година со 28 случаи.

Во однос на дистрибуцијата според место на живеење, се регистрираат заболени лица на подрачје на 12 скопски општини: Сарај – 16, Ѓорче Петров – 11, Аеродром – девет, Гази Баба – девет, Шуто Оризари – шест, Карпош – пет, Чаир – четири, Чучер Сандево – три, Центар – два, и во Бутел, Кисела Вода и Зелениково по еден случај.

Од вкупно 68 заболени лица, најголем број (29) се на возраст од 20-64 години, седум на возраст од 0-5 години, 14 се ученици на возраст од 6-14 години, 16 се лица на возраст од 15-19 години и две се над 65-годишна возраст.

Министерството за здравтсво апелира до граѓаните да се следат препораките за санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

Во училиштата има зајакнато континуирано механичко чистење на објектот, комплетна и континуирана, дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена институција, континуирано оддржување на хигиената во целиот објект, особено на санитарните јазли, вонредна дезинфекција на санитарните јазли од страна на овластена институција, обезбедување на течен сапун и течен дезинфициенс за раце во санитарните јазли, редовно оддржување на личната хигиена на вработените и учениците (особено редовно и правилно миење на раце со течен сапун и потоа дезинфекција со течен дезинфициенс) и редовно носење на работни одела, правилно манипулирање со брисачите за подовите од страна на хигиеничарките (да се користат посебни брисачи за под во санитарните јазли, од една страна, и училниците и ходниците, од друга страна), редовен санитарно-здравствен преглед на вработените, отстранување од настава на ученици со било какви симптоми на болест, засилена едукација и потсетување на учениците од страна на наставниците, за редовно оддржување на личната хигиена со особено внимание на миењето на рацете и најефикасна превенција за вирусен хепатитис А е вакцинација со вакцина против хепатитис А.

Во домовите на заболените редовно оддржување на хигиената во домот, во моментов зајакнато, посебно внимание да се обрне на хигиената во санитарните јазли со зајакната дезинфекција, користење на течен сапун и дезинфициенс за раце, посебно внимание да се обрне на оддржување на личната хигиена, особено миењето на рацете и по можност, изолација на заболениот и обезбедување на посебен санитарен јазол.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје Скопје и понатаму ќе ја следи состојбата и редовно ќе известува за состојбата.

Објавена листата на стоте највлијателни личности во 2020, од политичари до рапери

Сепак, некои традиции не се прекинати во непредвидливата 2020 година, па „Тајм“ денес го објави својот традиционален список на 100 највлијателни луѓе.

Во оваа прилика, тие дизајнираа дури осум насловни страници, во кои беа вклучени претседателот на Тајван Цаи Инг-Вен, иницијаторите на движењето „Црните животи се важни“ Алисија Гарза, Патрис Кулорс и Опал Томети, имунологот Ентони Фаучи, бизнисменот Сундар Пичаи, медицинската сестра Ејми О Саливан, парот актерки Габриел Унион и кошаркарката Двајан Вејд и музичарите The Weeknd и Megan Thee Stallion.

Меган Ти Сталион е таа што на списокот предизвика најмногу полемики. Таа, заедно со Карди Б, е автор на високо признаената песна „WAP“ (што е скратеница за Wet Ass Pussy). Самите автори ја нарекоа песната феминистичка химна, во која се фалат дека не готват и чистат, но знаат некои други работи, а може да претпоставите кои. Тие се сретнаа со бројни одобрувања, но и критики за наводно ширење феминистичка пропаганда со голотија и експлицитно нагласување на нивната сопствена сексуалност. Меган заврши на списокот во категоријата Пионери. Други категории се: уметници, водачи, титани и икони.

На списокот на 100 највлијателни лица се најдоа музичарите Џеј Балвин, Селена Гомез, Џоџо Сива и Халси, кошаркарите Двејн Вејд и Џанис Антетокомунпо и политичарите Нејтан Ло, Ангела Меркел и Џо Бајден.

На веб-страницата „Тајм“ можете да најдете текстови за сите луѓе кои се прогласени за највлијателни. Интересно е што текстовите не ги напишаа нивните новинари, туку гостите. Леонардо ди Каприо пишувал за активистот на Амазон, Немонте Ненкимо, Камила Кабело за Џеј Балвин, Мери Bеј Ближ за Џенифер Хадсон, Тејлор Свифт за Фиби Валер-Бриџ и Ким Кардашијан за Џоџо Сиви.

Списокот беше претставен во живо на телевизија за прв пат во нејзината историја.

Почна хибридната ,,Недела на модата” во Милано,модните гиганти под мерки (ВИДЕО)

Италијанската модна индустрија започна да влева оптимизам во мрачната година за луксуз, подготвувајќи 23 „живи“ претстави и 37 презентации за време на хибридната, дигитална модна недела во Милано.

Фенди, Долче и Габана и Блумарин денеска го отворија првиот ден, презентирајќи главно женска мода за следната пролет и лето, објави АП.

„Го почитувам она што другите брендови одлучија да го направат, но почувствувавме дека треба да направиме модна писта“, рече Никола Брониано, кој дебитира како нов креативен директор на Блумарин.

Ним во текот на неделата ќе им се придружат Макс Мара, Салваторе Ферагамо и Валентино, кои се одлучија за Милано наместо Париз, каде што обично ги прикажуваат своите колекции поради загриженоста за патувања поврзани со корона вирусот.

Џорџо Армани, Версаче и Прада, кои за прв пат ќе ја претстават соработката помеѓу Мијука Прада и Рафа Симонс, се одлучија за виртуелни шоуа.

Се следеа строгите правила на ревиите во живо, растојанието се одржувало и зад сцената и на пистата, а моделите носеа маски пред да излезат на пистата.

Некои модни куќи ги замолија присутните да се изјаснат дека не биле изложени на вирусот во последните две недели и дека немаат никакви симптоми.

Бројот на заразени од корона во светот надмина 32 милиони

Според веб-страницата „Worldometar“, повеќе од 32 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус.

Соединетите држави се најтешко погодени од пандемијата на „Ковид 19“ - повеќе од седум милиони луѓе се заразени, а повеќе од 200.000 починале.

На второ место е Индија со скоро шест милиони пациенти и повеќе од 91.000 смртни случаи.

Бразил е на третото место според бројот на заразени - 4,6 милиони луѓе се заразени со коронавирус, а повеќе од 138 000 починале.

Русија е на четвртото место во светот и на прво во Европа, каде што се разболеле 1,1 милиони луѓе и починале скоро 20 000 лица.

СЗО објави дека 156 земји се приклучиле на таканаречениот КОВАКС (глобален план за вакцинација),што планира да испорача околу две милијарди дози вакцини на глобално ниво до крајот на следната година, но дека недостасуваат големите земји како Кина, Русија и САД.

Другите земји ќе се регистрираат за глобалниот план за вакцинирање, а некои од доцнењата беа заради процедурални проблеми, а не поради сомневањата во оваа шема, изјави денес портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис.

А, јужнокорејските здравствени експерти денеска предупредија за потенцијална епидемија на таканаречената твиндмија (истовремена епидемија на грип и коронавирус) во текот на зимата.

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КДЦА), исто така, претходно потврди случај на преклопување на обете респираторни заболувања.

притисни ентер