Ле Брон повторно ги повреди препоните , ќе мора да мирува (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс синоќа го загубија градското дерби со Клиперси со 111: 106 во најочекуваната игра во богатата Божиќна програма на НБА лигата, откако Патрик Беверли го спречи шутот на Леброн Џејмс.

Но, тоа не е најлошото, што разиграниот бек на Клиперси му го предизвика на Кралот. Во првата четвртина, кога Леброн се обиде да изнуди прекршок, тој беше удрен со колено во препоните ја обнови повредата што му пречеше изминатите неколку дена.

Џејмс го пропушти првиот натпревар од сезоната во поради болки во мускулите меѓу ребрата, но му пречи и болка во препоните.

„Се чувствував убаво пред натпреварот, но се здобив со удар со колено во препоните во судир со Беверли и тоа ме врати назад таму каде што бев пред пет дена“, изјави Џејмс, додавајќи дека по повредата добил воспалениот на повреденото место.

Иако заврши со 23 поени, 10 скокови и девет асистенции, не беше во форма до крајот на играта. Мораше да се потпира многу повеќе на шутот отколку на влезови и резултатот е 10 промашени тројки, најмногу во еден натпревар во неговата 17-годишна кариера.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер