Франција воведува драстични даноци за сопствениците на моќни автомобили

Франција следната година ќе се занимава со силните автомобили таканаречени muscle cars domene, а единствени што се поштедени ќе бидат електрични автомобили чие купување сè уште се стимулира.

Се воведуваат нови даноци за оние кои испуштаат многу СО2. Поточно, казнувањето започнува следната година, а сопствениците на автомобили со емисија на СО2 од повеќе од 184 г / км ќе плаќаат и до 20.000 евра годишнен данок. Од друга страна, преостануваат премиите за електрични автомобили од 6.000 евра, кои ќе паднат на 5.000 евра во 2021 година и на 4.000 евра една година подоцна.

Францускиот министер за финансии , Бруно Ле Маир најави укинување на даночната граница од 12.500 евра за автомобили со емисија на повеќе од 174 г / км и можност за драстично зголемување на даноците. Во секој случај, новиот приход треба да и помогне на опаднатата француска автомобилска индустрија, во која се вработени 400.000 работници.

Кога станува збор за електричните автомобили, минатата година биле регистрирани околу 40.000 во Франција, а оваа година 50.000 купувачи добиле бонус. Во иднина, купувачите на електрични автомобили вредни повеќе од 60.000 евра нема да добиваат бонус, додека за поевтините ќе се намалува со тек на времето.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.  Денес интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. 

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети. Отако потпишаа договор за предизборно коалицирање со Демократска партија на Турците, денеска интегративците ја официјализираа и соработаката со Движењето на турците за правда и деморкатија, чиј лидер Сулејман Баки ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во ИЕ3. Од ДУИ се надеват дека со неговото номинирање за првпат ќе добијат пратеник во оваа изборна едница.

Откако вчера кон фронтот на Ахмети се приклучи и крилото на Села од Алијанса за албанците, кој порача дека очекува најмалку пет пратенички места на листите, Ахемти денеска потврди и дека токму Села ќе биде носител на листата во ИЕ5, а соработката ќе ја официјализират утревечер во Гостивар.

Вчера кон Европскиот фронт се приклучи и Унијата на Ромите на Курто Дудуш, а досега кон европскиот фронт на Ахмети се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи Зејд.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

притисни ентер