Лансиран сателитот Кеопс , ќе ги истражува планетите околу далечните ѕвезди (ВИДЕО)

Утрово е успешно лансиран Европскиот сателит Cheops специјализиран за истражување на егзопланети, или планети кои орбитираат околу далечните sвезди.

Илјадници егзопланети веќе се пронајдени од научниците, а сега е време и поблизу да ги истражат. Characterising Exoplanets Satellite (CHEOPS) е релативно мала опсерваторија, многу помала отколку вселенскиот телескоп Хабл. Сепак, додека Хабл извршува многу различни функции, Cheops е повеќе специјализиран. Тој е специјално дизајниран за мерење на дијаметарот на планетите, чии маси се веќе познати.

Имено, ако го знаеме радиусот и масата на една планета, можеме да ја процениме нејзината густина, што ни дава поточен увид во тоа од што е направена. На пример, планета потешка од Земјата би можела да биде карпеста, но ако има многу поголем дијаметар од Земјата, таа е веројатно гасовита, како малиот Нептун, пишува New Scientist.

Cheops има телескоп од 30 см дизајниран да ја мери густината, составот и големината на бројните егзопланети надвор од нашиот Сончев систем.

Според Европската вселенска агенција (ЕСА), Кеопс ќе ги набљудува оние sвезди за кои веќе се знае дека орбитираат околу планетите.

„Мисијата е чекор кон подобро разбирање на астрофизиката на сите овие неверојатни планети што ги откривме и се различни од планетите во нашиот Сончев систем“, рече Дидиер Квелоз, добитник на Нобеловата награда за физика во 2019 година.

Тој додаде дека Кеопс можеби нема да може да одговори на прашањето дали има живот на други планети, но бројни научници веруваат дека овие информации ќе ни дадат подобар увид во тоа која од овие планети е погодна за живот каков што го знаеме.

„Научниците ќе се фокусираат на планетите во опсегот со големина на Земјата и Нептун, а со помош на добиените податоци ќе имаме увид во густината на овие планети, што е прв чекор во нивното карактеризирањето.“,соопшти „Гардијан“.

„Ние сакаме да ги надминеме статистиките и детално да ги проучиме“, изјави водачот на мисијата Дејвид Еренраих.

Вселенското летало Кеопс ќе орбитира околу Земјата на оддалеченост од 700 км и ќе ги проучува планетите што орбитираат околу ѕвездите на оддалеченост од неколку светлосни години.

Првите резултати од набудување на егзопланетите треба да бидат познати за само неколку месеци.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

Германската шефица на дипломатијата во кавга со Нетанјаху за снимките од пазарот во Газа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се судрија за време на состанокот во Ерусалим околу хуманитарната помош за Појасот Газа, пренесоа германските медиуми.

Баербок и Нетанјаху се судрија околу тоа дали жителите на Појасот Газа имаат доволно храна на располагање. Нетанјаху ѝ покажа фотографии на Баербок, наводно од северниот дел на Газа, каде што се вели дека хуманитарната криза е најлоша, а на кои што се гледаат пазари преполни со овошје, зеленчук и други прехранбени производи.

Како одговор, Баербок на својот мобилен телефон покажа фотографии од прегладнети деца од Појасот Газа и рече дека фотографиите што ги покажал Нетанјаху не се вистинити.

Според израелската ТВ станица Канал 13, израелскиот премиер рекол: „Ние не сме нацисти“, алудирајќи на пропагандните филмови на националсоцијалистичкиот режим кои сугерираа изобилство и добри услови за живот во варшавското гето во 1942 година.

Нетанјаху рече дека фотографиите на кои се прикажани преполните пазари во Газа се од израелската државна канцеларија Когат, која е задолжена за контакти со Палестинците и хуманитарна помош. Германското Министерство за надворешни работи воздржано реагираше на медиумските написи и соопшти дека тие „не го одразуваат вистинскиот тон“ што преовладувал за време на разговорите.

Според овие информации, Баербок, која вчера престојувала во Израел за да укаже на лошата хуманитарна состојба во Појасот Газа и да се бори за поголема помош, не му замерила на Нетанјаху дека фотографиите што ги има се лажни, туку дека не одговараат на севкупна слика за состојбата на цивилите во Газа.

притисни ентер