Заменик министерот Макрадули во посета на Кавадарци

Борбата за здрава животна средина е еден од приоритетите, порача заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Тој денеска беше во посета на Кавадарци, каде разговараше со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за проектите со кои општината има аплицирано и добиено пари од Министерството.

-Ме радува што заеднички соработуваме во зачувувањето на здравата животна средина, но и намалувањето на аерозагадувањето, како еден од најголемите предизвици што постои во Република Северна Македонија. Денеска во рамки на имплементацијата на планот за чист воздух, ќе ги посетиме училиштата каде се врши замената на еколошките извори и замената на нафта со уреди на струја. Она што сакам да го нагласам е дека ова не само што е добро за децата кои учат таму, туку тоа значи и заштеда на пари, рече Макрадули.

Со енегетската ефикасност, додаде, некаде заштедите можат да дојдат и до триесетина проценти.

-Во една заедничка борба, како што тоа треба да го прават општините заедно со централната власт, ќе успееме да се справиме со предизвиците за заштита на животната средина, нагласи Макрадули.

Јанчев изрази благодарност до Министерството и потсети за кои проекти станува збор. Се работи, како што кажа, за намалување на аерозагадувањето, менување на системот за греење во училиште и градинка со еколошки грејни тела, за што беа издвоени над пет милиони денари. Тука е и проектот за енергетската ефикасност, за која се добиени милион и 800 илјади денари, за неколку училишта. Градоначалникот потсети и на проектот за завршување на колекторскиот систем.

Прашан за коментар за реакциите на неготинци за изградбата на депонија за индустриски неопасен отпад, Макрадули рече дека во државата мора да се направи систем за третирање на отпадот. Целта на сите вакви системи, нагласи, е да биде добро и за заштитата на животната средина, но и отпадот да се третира, а не да се расфрлува наоколу.

-Будно следиме и согласно на нашите законски обврски, ја контролираме оценката на влијание врз животна средина што е презентирана на јавна расправа. Наша задача е да инсистираме на користење на најдобра пракса и техники кои постојат, за да не се влијае штетно врз животната средина. Во овој момент не е ништо конечно, начинот на продажба или начинот на целиот концепт што е направен, е предмет и на разгледување од страна на државното правобранителство. Во овој момент нема опасност за никој и тоа е еден процес кој не може да се случи преку ноќ, дециден беше Макрадули во изјава за медиумите. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер