Дескоска: Прочистувањето на корупцијата е најзначајниот процес во државата

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се обрати на Осмата сесија на Конференцијата на државите потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC).

Конференцијата се одржува на секои две години, а целта на одржувањето е проверка на напредокот на државите потписнички на конвенцијата.

Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC) е дел од македонскиот правен поредок, а нејзината имплементација е предмет на ревизија.

“Корупцијата претставува закана за демократијата и владеењето на правото. Општествата со силни, независни и непристрасни механизми за борба против корупцијата се општества со значително подобар квалитет на живот. Прочистувањето на корупцијата во општеството е мошне предизвикувачки процес, но тоа е најзначајниот процес во една држава кој води кон подобро образование, здравство, административни услуги, подобар и поеднаков пристап до правда за нашите граѓани“ истакна Дескоска.

Во своето обраќање, министерката Дескоска ги наведе постигнувањата на Министерството за правда во насока на зајакнување на антикорупциската рамка и имплементација на препораките на Конвенцијата на ООН против корупција (UNCAC), а како најзначајно постигнување го наведе донесувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

“Како резултат на дискусиите и експертските препораки добиени во рамки на спроведувањето на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, воведена е целосно транспарентна постапка за избор и именување на претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, во која учествуваат и граѓанскиот сектор, новинарите и медиумите, а утврдени се зајакнати услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите за претседател и член на оваа Државна комисија“ потенцираше Дескоска.

Со новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер од мај 2019 година, се зголемува пристапот до информации, а рокот за добивање одговор е значително скратен.

Како придобивка, министерката Дескоска ја наведе и зголемената транспарентност во трошењето на јавните средства, особено преку објава на интернет порталот „Отворени финансии“ со кој јавноста има увид во податоците за реализација на буџетските трансакции.

Министерката истакна дека добрите пракси и предизвици идентификувани од тековниот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата ќе ги користиме за аргументирање и предлагање на подобри решенија за превенција и борба против корупцијата, но истите и ќе ни послужат како референца за поддршка во активностите за обезбедување техничка помош.

Дескоска се заблагодари за експертската поддршка која ја обезбедува Канцеларијата на Обединетите Нации против наркотици и криминал (UNODC) и граѓанскиот сектор во унапредување на имплементацијата на одредбите на Конвенцијата.

Соопштение за јавност од Еуролинк осигурување АД Скопје

Во врска со тековните случувања поврзани со Еуростандард банка, а со цел правилно информирање на нашите клиенти и соработници, Еуролинк осигурување потврдува дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка.

Еуролинк осигурување АД Скопје од 31.03.2020 е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење.

Еуролинк осигурување изнајмува деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата Централа, и истата продолжува да работи без прекин и пречки, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

За сите дополнителни информации за осигурениците на Еуролинк осигурување на располагање стои нашиот Контакт центар достапен 24/7 на 02/15888, а за дополнителни информации за јавноста достапни сме на [email protected]

Двајца починати, 141 новозаболен, 175 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19.

Во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1.

Починати се два пациенти, пациент од Скопје (88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80г.) вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357, бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5287, активни 1067

• Куманово 1214, активни 258

• Дебар 223, активни 124

• Штип 1017, активни 301

• Прилеп 348, активни 33

• Тетово 1103, активни 168

• Струга 494, активни 160

• Велес 238, активни 25

• Битола 178, активни 77

• Охрид 303, активни 76

• Кавадарци 143, активни 107

• Гостивар 610, активни 294

• Гевгелија 27, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)

• Струмица 47, активни 31

• Крива Паланка 28, активни 14

• Радовиш 36, активни 9

• Крушево 16, активни 3

• Кочани 124, активни 32

• Пробиштип 66, активни 20

• Демир Хисар 50, активни 31

• Македонски Брод 61, активни 47

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 11, активни 7

• Валандово 7, активни 1

• Виница 42, активни 38

• Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 3

• Свети Николе 253, активни 78

• Кичево 225, активни 125

• Ресен 146, активни 10

• Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1848 теста се преку: ИЈЗ-792, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-168, Биотек-140, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Систина со PCR метода -221, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-9, ГАК-16. Досега во земјата се направени вкупно 120950 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 150

• Аеродром - 132

• Бутел - 65

• Гази Баба - 120

• Центар – 90

• Карпош – 108

• Сарај – 39

• Кисела Вода – 89

• Ѓорче Петров – 76

• Студеничани – 33

• Шуто Оризари – 85

• Арачиново – 20

• Илинден – 20

• Петровец – 8

• Чучер Сандево – 9

• Сопиште – 11

• Зелениково- 6

• Странец – 3

• Нераспределен - 3

Заев: Пратениците преку медиумите ќе дознаат дека сум го добил мандатот

Како актуелен пратеник, чиј мандат е верифициран, не добив покана за седница на Собранието денеска, а не доби ниту некој од 120 те пратеници во парламентот.

Нема ништо лошо што пратениците денеска преку медиумите ќе дознаат дека Зоран Заев го добил мандатот за состав на Влада, порача денеска лидерот на СДСМ и мандатар на доделувањето на мандатот од страна на претседателот Стево Пендаровски во вилата Водно.

Тој во одговор на новинарско прашање за ставот на претседавачот на Парламентот Талат Џафери дека претседателот на Собранието во рок од три дена треба да ги извести пратениците за овој чин, рече дека сега кога нема претседател, пратениците ќе дознаат од медиумите дека тој го добил мандатот и дека со тоа Џафери само сакал да си ја заврши својата деловничка обврска.

– Како актуелен пратеник, чиј мандат е верифициран, не добив покана за седница на Собранието денеска, а не доби ниту некој од 120 те пратеници во парламентот, туку имаше соопштено најава за подготовка на евентуална седница, веројатно во консултации со стручни луца е донесено одлука да не се одржи таа седница. Но слушнавме дека службите добиле насока за подготовка на седницата, која еве до овој момент не е закажана таква седница и верувам дека нема да има таква седница бидејќи преговорите продолжуваат, рече Заев и додаде дека од денеска течат дваесетте дена за мандатарот да формира влада.

Претседателот на СДСМ Заев на Талат Џафери му честиташе внук и рече дека децата, внуците и семејството се вистинските вредности, сето друго што го работат е минливо но треба да се опстои на тоа.

притисни ентер