МТСП доби признание од Црвен крст за посебен придонес и соработка во развој на социјалните услуги

Црвениот крст на Република Македонија денеска додели посебно признание за партнерска соработка на Министерството за труд и социјална политика.

Признанието и беше врачено на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска од страна на генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.

“Честитам за заедничката успешна сработена работа. Заеднички продолжуваме понатаму да создаваме услуги за најранливите и повозрасните лица. Годинава успеавме да донесеме измени и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија со кои ги допрецизиравме одредбите кои се однесуваат на утврдувањето на висината на надоместоците. Со тоа ја зголемивме одржливоста на активностите кои ги спроведува Црвениот крст и неговите општински здруженија во поддршката и помошта кон најранливите граѓани на нашето општество”, рече Царовска.

Црвениот крст е партнер на МТСП во заштитата и поддршката на бездомните лица во Северна Македонија. Изминатите неколку години Министерството и Црвен крст отвораат пунктови во повеќе градови во државата, во периодот од годината кога се прогласува ладен бран. МТСП обезбедува финансиски средства за поддршка на бездомните лица во текот на овој период од годината.

“Црвен крст се вклучи во испорака на услугите кои се предвидени со новиот Закон за социјална заштита,  со обезбедување на услугата за лична асистенција во 9 општини, а во иднина ќе се вклучи и во испраката на услугата помош и нега во домот”, рече Царовска.

Министерствито за труд и социјална политика и Црвениот крст успешно соработуваат и во обезбедувањето поддршка за повозрасната популација во Дневните центри за стари лица, а последно е и поддршка во соработка со општина Центар и во обезбедување на дневни услуги за лица со интелектуална попреченост. 

Со години наназад МТСП има успешна соработка во спроведување на услугата летен одмор за деца од семејства во социјален ризик.

Полета најдолгиот авион на светот – Историски лет на Боинг 777X (ВИДЕО)

Boeing Co го започна денеска пробниот лет на 777X, најголемиот светски двомоторен авион, во време кога американскиот производител , кој е сериозно погоден од кризата со 737 MAX, ја засилува борбата против европскиот конкурент „Ербас“.

777X, поголема, поефикасна верзија на успешниот мини-џамбо Боинг 777, полета од  комерцијалната база во близина на Сиетл во 10:09 часот по локално време, бидејќи силните ветришта ја принудија компанијата двапати оваа недела да го одложи пробниот лет.

Директорите на „Боинг“ најавија дека летот ќе трае помеѓу 3 и 5 часа и дека тестирањето и сертификацијата ќе бидат потребни неколку месеци пред да започне со работа во Емиратите во 2021 година.

Боинг претходно објави дека неговиот најголем двомоторен авион, дизајниран за просечно 406 лица, ќе полета за прв пат на почетокот на 2020 година, при што првата испорака се очекува во 2021 година. Првично, првата испорака беше закажана за средината на 2020 година, што не е можно поради проблеми во изведбата.

Овој авион, долг 77 метри е значително поголем од неговите претходници 777-300ER и Ербас А340-600. Дури и малку подолг од претходниот рекордер 747-8, најновата верзија на авионот Queen of the Skies.

Поради својата должина, авионот е дизајниран да прими меѓу 400 и 425 патници, во двете класи. Бројот на места ќе варира во зависност од барањата на одредени авиокомпании.

Најдолгиот патнички авион на светот, „Боинг 777X“, беше официјално откриен минатиот март од Управниот одбор на „Боинг“ во главниот производствен капацитет на компанијата во Еверет, Вашингтон.

777X првично требаше да го изврши првиот тест лет минатото лето, но беше одложен до 2020 година, поради проблеми со моторите GE9X произведени од General Electric. Проблеми се појавија и во септември минатата година за време на последниот тест на оптоварување кога експлодира вратата на авионот.

Конечните тестови ги надгледуваат инспекторите на Федералната управа за авијација (ФАА) како дел од процесот на сертификација на авионите.

Седум кинески државјани се пренесени во болница во Москва , под сомнение од коронавирус

Седум кинески државјани биле пренесени од хотел во северна Москва во болницата за заразни болести под сомнение за акутна вирусна респираторна болест.

Претставник на брзата помош на руската престолнина изјави за Спутник.

„Седум кинески државјани се префрлени од хотелот„ Арт Војковска “во болница за заразни болести“, рече тој, додавајќи:„Тестовите се во тек и медицинскиот персонал чека резултати од прегледот“.

Експлодира цистерна среде населба во Перу , најмалку 13 загинати (ВИДЕО)

Во експлозија на камион кој пренесувал бензин до Лима загинаа 13 лица, соопшти денеска перуанското Министерство за здравство.

„Новиот број на жртви е 13 мртви“, изјави денеска портпаролката на Министерството, Моника Месан, додавајќи дека меѓу загинатите има и  пет деца.

Експлозијата на цисртерната се случи во четвртокот во предградието на главниот град на Перу, каде што  живеат околу 500.000 луѓе.

Несреќата се случила наутро додека луѓето оделе на работа. Причината била истекување на една цевка од камионот. Вкупно 13 пожарникари го гаснеле пожарот што избувна по експлозијата.

притисни ентер