На роденденската прослава присуствуваа претставници од сите општински организации на партијата, на која свое обраќање имаше претседателот Тито Петковски.
„Со јасна идеја и политичка програма пред 14 година НСДП исчекори на политичка сцена во Македонија, со нов политички квалитет втемелен во вредностите на модерната европска социјалдемократија успеавме да изградиме политичка виталност и цврстина сите овие години да ја одржиме и развиваме нашата препознатливост во партискиот плурализам на државата. Негувањето на внатрепартиската демократија и внесувањето на морални начела во партиското делување создаде атмосфера на меѓусебна доверба и одговорност, на меѓусебно почитување и разбирање, што низ сите овие години резултираше во еден силен партиски колектив кој знаеше да ги согледа предизвиците со кои се соочува државата и да понуди идеи и одговори на истите", рече претседателот на партијата Тито Петковски пред присутните членови, нагласувајќи дека стекнатото политичко искуство и изградената јасната идеолошка позициононираност ветува силен потенцијал и за понатамошно засилено делување во политичкиот простор.
Зборувајќи за програмските подготовки за претстојните парламентарни избори, Петковски истакна дека и во овој изборен циклус партијата е отворена да го слушен гласот на граѓаните, нивните идеи и предлзои за тоа како гледаат и размислуваат за насоката во која треба да се развива државата.
„Начелото на еднаквоста мора да биде запазено во креирањето и водењето на економските политики. Економскиот раст и развој на државата треба да биде во чекор и со развојот на човечкиот капитал. Зајакнувањето на образовните, културните и научните темели на општеството станува имератив, само на тој начин можеме да акумулираме и ослободиме креативен човечки капитал. Вистинско време е овие општествени сфери да го добијат својот приоритет во партиските и владините програми", истакна Петковски и дополни дека само на тој начин може да се обезбедат долгорочни развојни перспективи пред државата, притоа проследени и со радикална трансформација во делот на работните односи, што помеѓу другото треба да доведе ид о надминување на конфликтот помеѓу трудот и капиталот.
Оценувајќи ја и енергетиката како една од сферите која треба да добие приоритет во изборната програма на партијата, Петковски истакна дека е потребно засилување на институционалната и буџетската поддршка за напуштање на употребата на фосилните горива и се поголема искористеност на енергијата од ветрот и сонцето во Македонија.
„Разгорувањето на националистичката реторика, предизвикано со последните случува околу Законот за употреба на јазиците и ставот на Бугарската академија на науките околу постоењето на македонскиот јазик, се закнува да ја контаминира предизборната политичка сцена со теми кои се далку од западно-европските демократски дострели и вредности. Овој изнасилен предизборен политички контекст, кој нема никакви основи во реалните потреби и приоритети на граѓаните, бара од сите политички партии да покажат сплотеност и одговорност, политичка мудрост и созреаност. Во пресрет на правењето на финалниот чекор за полноправно членство во НАТо и ЕУ ќе биде преголем историски луксуз да дозволиме нашето мултиетничко, мултикултурни и мултирелигиозно општество, да биде предизборен политички ресурс на ретроградни центри на моќ", рече Петковски.
Осврнувајќи се на политичките и економските придобивки од полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ и НАТО, Петковски стави фокус и на културните перспективи кои се отвораат со реализацијата на овие стратешки цели.
„Со Преспанскиот договор и одблокирањето на евро-атланските интеграциски процеси добиваме историска шанса да се претставиме пред светот, да ја покажаме своја културна различност, своја мултиетничност, но и својот македонски идентитет, кој со овој договор го потврдивме. Со малку поголема сплотеност, со јасна идеја и визија, овој договор треба да го прифатиме и како историска можност за македонска промоција во светот како народ, како култура, како традиција. Да не дозволиме и оваа историска шанса, како многу други назад низ историјата, да замине пред нас без да ја забележиме и искористиме за културна афирмација", порача Петковски пред своите сопартијци.
На одбележувањето на роденденот на партијата беа доделени и 14 плакети на нејзини членови, како признание за нивниот личен допринос во формирањето, развојот и градењето на партијата и нејзината препознатливост.
Служба за односи со јавност н НСДП