Џудо клубот „Ипон" од Скопје победник на Државното екипно првенство за сениори

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а со техничка поддршка од џудо клубот „Гладијатор", денеска во Кочани се одржа државното екипно првенство во сениорска конкуренција.

Најмногу победи имаа џудистите на ЏК „Ипон" од Скопје и заслужено ги освоија златните медали и победничкиот пехар. Зад нив се пласираа членовите на ЏК „Сеишин" од Прилеп, а третото место му припадна на ЏК „Кожувчанка" од Кавадарци.

Кочани по втор пат беше домаќин на Државното екипно првенство што го отвори градоначалникопт Николчо Илијев, кој истакна дека иако џудото во овој регион од државата е релативно нова спортска вештина, сепак за краток период бележи брз напредок и кочанските џудисти веќе имаат освоено повеќе медали на домашни и меѓународни натпреварувања.

– Натпреварувачите на првенството за првпат настапија според новоусвоениот правилник кој е во согласност со барањата од Меѓународната џудо федерација. Новина е тоа што борбите се одвиваа во мешан состав, односно секоја екипа имаше по тројца натпреварувачи во женска и во машка конкуренција. Секој од нив настапи во посебна тежинска категорија, а ако некоја екипа нема комплетна екипа не може да се натпреварува, истакна Дејан Џокоски, член на натпреварувачката комисија.

Од раководството на Џудо федерацијата на Македонија оценија дека организацијата на првенството помина во најдобар ред, а Кочани нуди одлични просторни и технички услови за тренинзи и кондициска подготовка на екипите и репрезентацијата.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер