Русија го тестираше најмоќниот мразокршач на светот!!

Рускиот мразокршач „Артика“ на нуклеарен погон е најавен како најмоќниот брод од овој тип на светот. 

Бродот симбол на амбициите на Москва кон Северниот пол се врати во пристаништето во Санкт Петербург по дводневното пробно патување.

Овој моќен брод ќе биде наменет за транспорт на течениот природен гас од областите на Северниот пол. Бродот е долг 173 метри, висок 15 метри и има депласман од 14000 тони.

-Артика два дена беше во морето поради тестирања на алгоритамите за работа на уредите на бродот и маневрирањето, соопштил Мустафа Качка, директорот на „Атомфлот“ компанијата задолжена на руската флота на мразокршачи.

Иако има нуклеарен погон „Артика“ на ова дводневно патување користел дизел мотори.

Инаку, според зборовите на градителите овој моќен брод може да пробие лед дебел 2,8 метри.

Завршните тестирања на „Артика“ се закажани за март и април во 2020 година, а бродот се очекува да биде пуштен во употреба во мај во 2020 година.

Заев: Ќе успеам да формирам Влада

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по добивањето на мандатот за составување влада, изјави дека е сигурен оти во уставно предвидениот рок ќе успее да го формира новиот владин тим.

Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев истакна дека тоа прашање е регулирано со уставот, посочувајќи на ситуацијата со составувањето влада во 2016 година.

– Имавме ситуација во 2016, мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада, итакна Заев.

ВМРО-ДПМНЕ за Еуростандард банка

ВМРО-ДПМНЕ јавно ја повикува министерката за финансии Нина Ангеловска да го објави точниот датум на кој ги вади парите, личниот депозит од Еуростандард банката која пропадна.

Ако тој датум е блиску до пропаѓањето на Еуростандард банката тоа значи дека е извршена злоупотреба на положбата и кршење на законите. Очекуваме одговор.

Ако банкарскиот систем е стабилен како што тврди СДСМ, тогаш зошто се случи да пропадне банка?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пресметка на жители на Желино и Пирок во Тетово

По двајца жители на Желино и Пирок ноќеска после полоќ се пресметувале физички, по што употребиле и тврди и остри предмети. Тројца од четворицата се приведени.

-На улица „Илинденска" во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу Н.Л.(28) и А.Б.(29) двајцата од Желино, од една страна и Ј.Ф.(41) и неговиот син М.Ф.(19) од Пирок. Притоа биле употребени остри и тврди предмети. А.Б., М.Ф. и Ј.Ф. биле лишени од слобода и задржани во Полициска станица Тетово, соопшти денес СВР Тетово.

Случајот се документира и ќе следуваат соодветни пријави за учесниците на настанот.

притисни ентер