Заев: Правна држава мора да има, ни треба судство кое одлучува, а не застарува предмети

Треба да ја завршиме борбата за правда. Тоа го очекуваат граѓаните и тоа и ќе го добијат. Ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети. 

Правна држава мора да има, порача премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат" што во моментот се одржува во салата „Борис Трајковски" во Скопје.

Ги повика надлежните институции да ја почнат постапката за проверка на имотот на судиите, обвинителите и нивните семејства, а од Судскиот совет побара да ја провери ажурноста на работата на судиите и обвинителите.

– Нема компромис со криминалот и корупцијата. За тие што прават криминал, се знае каде им е местото. Нема судија и обвинител кој ќе го запре овој процес. Еден дел од судството и обвинителството остана последна тврдина на заробената држава. Наместо да се ослободат од сопствените окови, останаа како последни упоришта на заробената држава. Ова мора да престане веднаш. Правна држава мора да има, нагласи Заев пред присутните.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Хамас го отфрли предлогот за договор со заложниците

Палестинското движење Хамас ги отфрли сите клаузули од последниот нацрт-договор за заложниците, зголемувајќи го бројот на палестински затвореници што Израел мора да ги ослободи како дел од договорот, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Весникот наведува дека Хамас е подготвен да ослободи само 20 заложници, жени и мажи постари од 50 години, како дел од првата фаза од договорот.

Исто така, Хамас бара Израел да се согласи на шестнеделно примирје пред да ги ослободи заложниците.

„Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не сака договор. Нему воопшто не му е грижа дали народот во Газа продолжува да страда, дури и во услови на голема израелска флексибилност за сите параметри на американскиот предлог. “, рече неименуваниот функционер.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, Израел се согласил со американскиот предлог за размена на заробеници и заложници, со што ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, вклучително и 100 на издржување доживотни затворски казни за убиство на Израелци, во замена за 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Газа.

Николовски со земјоделците од Свети Николе ги потпишаа првите договори за продолжување на закуп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците, на која што заедно со земјоделците ги потпишаа првите договори, за продолжување на закуп на земјоделско земјиште во Свети Николе.

„Денеска сме тука токму да го испорачаме и решението, односно на земјоделците да ги доделиме првите договори, кои што треба да ги потпишат. Во овој период службите на министерството интензивно работеа согласно нашиот договор, кој што го постигнаме во Свети Николе, да се направи се овие договори многу бргу да бидат продолжени. Зададовме рок заеднички од 2 ипол месеци, но еве ме за многу брзо време, со нови договори за продолжување на закупот на земјоделски површини токму во Свети Николе“, истакна министерот Николовски.

Минатата недела Владата даде согласност за продолжување на првите светиниколски договори за закуп на земјоделско земјиште, кои истекоа изминатиот период. Токму во таа насока, земјоделците од Свети Николе, веќе почнуваат да ги добиваат продолжувањата на договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Постапката веќе започна и веќе на денешната владина седница, исто така имаме доставено нови согласности за продолжување на договорите.

„Владата продолжува со носење на нови согласности, министерството продолжува со склучување на сите договори каде што земјоделците имаат поднесено барања, каде што постапките се завршуваат и од тука повторно порачувам нема отстапки ниту еден милиметар, сите земјоделци кои што имаат поденсено барање во законскиот рок ќе добијат продолжување на договорите за нови 15 години“, истакна министерот Николовски.

Како министерство, заедно со земјоделците, покажавме дека само сложни околу вистината, можеме да постигнеме резултати. Успеавме заедно, земјоделците да ги задржат земјоделските земјишта и да си ги добијат заслужените субвенции, соопшти МЗШВ.

притисни ентер