Зајкова: Очекувам едногласна поддршка за законот за субвенциониран студентски оброк

Здрав оброк за секој студент. Ова ќе биде овозможено со новиот предлог закон  за субвенциониран студентски оброк кој утре ќе биде поднесен во Собранието преку пратениците Јулиана Николова од ЛДП и Александар Кирацовски од СДСМ.

Законот предвидува студентите за значително пониска цена да се хранат во рестораните кои што ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк.

„Со донесувањето на законот ќе се овозможи секој студент кој е државјанин на Републиката, без разлика дали е на државен или приватен универзитет, да има право да користи дневна субвенција за здрав оброк во износ од 120 денари. Студентите се иднината на нашата земја и истите заслужуваат да ги користат истите придобивки кои ги имаат нивните врсници во Европа. Ваков закон веќе одлично функционира во Словенија. Мораме да покажеме дека како држава се грижиме за стандардот на студентите" потенцира Зајкова.

Законот предвидува субвенциите да важат секој работен ден од 08 часот до 20 часот, но не и за викендите или за време на летниот и зимскиот распуст.

Моника Зајкова, потпретседател на ЛДП

Изборите ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи

Денешните избори ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која фигурира со над 200 набљудувачи, излезе со првична оценка.

-На крајот од денот ќе го собереме податоците за да направиме проценка како тече процесот. Како што знаете, имаме повеќе од 200 набљудувачи низ целата држава денеска и дополнителни набљудувачи кои се тука од март и ја оценуваат целата кампања- Џилијан Стирк – шефица на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Прв круг претседателски избори – Македонија избира меѓу седум кандидати

Мирно, без посериозни инциденти и проблеми - Македонија избира претседател.

Веќе осум часа, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг на седмите претседателски избори, на кои учествуваат седум кандидати. Нашите репортери се на терен и од блиску го следат изборниот процес.

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска.

Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј

Австралискиот антитерористички тим денеска уапси седум тинејџери поврзани со момче обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција.

Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба во живо на 15 април.

Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија. /МИА

притисни ентер