Владата предложи 19 нови амбасадори, официјално не се објавуваат

Ќе добие ли Македонија професионални дипломати во амбасадите ширум светот кои набрзо ќе ги пополнат испразнетите амбасадорски места?

И покрај тоа што номинациите се се уште неофицијални, критики од опозициската ВМРО ДПМНЕ стигнаа на адреса на власта. Потпретседателот на партијата Александар Николовски обвинува за нестручни и партиски кадри кои власта настојува избрзано да ги стави на функции пред формирање на техничката Влада.

„Да е парадоксот најголем дури и Никола Димитров не ги исполнува условите за Амбасадор по новиот Закон што го предлага, што е штета нели секогаш во минатото очекувал ВМРО-ДПМНЕ да го праќа за Амбасадор, па еве ќе му се ускрати една можност за во иднина. Се проблематизира целиот процес затоа што имаме крајно некредибилни луѓе кои што се испраќаат“, вели Александар Николоски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Николоски вели дека и Законот за надворешни работи кој е во собраниска процедура е дополнителна причина за брз избор, бидејќи вели, според тој закон кандидатите немало да ги исполнат критериумите. Министерот за надворешни Димитров рече дека со овој закон, државата ќе добие професионални претставници според мерит систем, и нема да има политизација.

Единствен официјален предлог од министерството е Дане Талески за нов амбасадор на НАТО, а освен него уште 18 предлози треба да го поминат филтерот кај шефот на државата Стево Пендаровски. Вицепремиерот Бујар Османи пак на фејсбук се пофали со список од кадидати албанци за 12 амбасадорски места, а меѓу нив е и Шабан Јашари за амбасадор во Доха, Катар за кого во 2009та година кога беше конзуларен работник, се покрена дисциплинска постапка за незаконски издадени визи. Но сепак, Османи на прашање од Канал 5 не одговори за дополнителни детали за овие кандидати.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер