Нови достигнувања: Дигитален систем за богатото археолошко наследство

 Институтот за старословенска култура од Прилеп веќе една година интензивно работи на проектот „Географски информациски систем- дигитални средини за дигитални културни вредности". 

Системот е наменет за сеопфатно осознавање на податоците, истражувањата и третманот на богатото археолошко културно наследство и фаќање чекор со европските достигнувања.

Како што објасни Кристијан Талевски, истражувач од Институтот, се прави огромна дигитална база на податоци и е голем исчекор со примена на современите технологии. Спроведен е на шест локалитети во државава.

– При создавањето на системот тргнавме од две основни тврдења: прво, културното наследство е чувствително и подложно на постојани промени. Поради тоа е постојано изложено на одреден ризик. Второто е тврдење дека за ефективно управување со културното наследство, неопходно е ние да го осознаеме. „Географскиот информациски систем – дигитални средини за дигитални културни вредности" е пилот-проект со кој се покриваат сите фази од третманот на културното наследство. Значи, буквално, од самото истражување и евидентирањето на културното наследство, преку анализата на податоците, па презентацијата и промоцијата на податоците. Овој проект е спроведен на шест локалитети од римскиот период; „Стоби, „Скупи", „Баргала", „Големо Градиште Коњух", „Хераклеа Линкестис" и „Лихнид". Во фокусот е недвижното наследство. Главно, информациите се поделени во две групи: информации за самите археолошки локалитети и информации за градбите. За секој локалитет има по околу 100 атрибути, а за секоја градба по 70-ина информативни показатели. Станува збор за обемна база на податоци. Имаме фантастична национална квалификација за културното наследство, а каде немаме правно регулирано, се користеа лексикони, информации од бази со податоци, главно од Британците, објаснува Талевски.

Првичната идеја, вели истражувачот Талевски беше, на некој начин, да се разбуди свеста кај луѓето кои се најодговорни за управувањето со културното наследство. Но поради, дел објективни, дел субјективни проблеми, очигледно е дека во овој момент тоа е невозможно. Во моментов ситуацијата е релативно лоша зашто има малку интернет-страници на локалитетите и оскудни информации што овозможува квази-истражувачи да нудат нерелевантрни податоци.

– Имаме интернет-страници за само неколку археолошки локалитети во државава. Пристапот до информации за културното наследство е строго ограничен, што остава простор одредени квази-научници и квази-истражувачи да пласираат информации кои не се релевантни. Но, доколку ние имаме еден ваков систем кој ќе се полни од стручњаци и кој ќе содржи информации кои ќе ги истражуваат научници-истражувачи, тогаш можеме релевантните информации да ги пласираме до пошироката јавност. Институтот за старословенска култура се обидува да изгради критична маса, па сметаме дека преку работилници, преку едукација на млади луѓе, во средно или студенти, да се рашири работата со географските информациски системи, што е можно повеќе луѓе нив да ги користат, за потоа, по години, сето да го издигнеме на повисоко, државно ниво, смета Талевски.

На овој план во Европа е далеку стигнато, особено во Велика Британија. На Балканот, најдалеку се стигнати во Словенија, па во Хрватска, Бугарија. Ова е процес кој трае со години, а неопходна е и државна помош.

– Кај нас основите се поставени и ако имаме јасна цел, стратегија кон што целиме, вистинските резултати може да ги очекуваме за, минимум 10,15 па и 20 години. Без поддршка од државата, ова е невозможна мисија, вели Талевски нагласувајќи дека ова е пилот-проект со помош на Канцеларијата на ЕУ и Министерството за култура.

Бранко Ристески, археолог и директор на Институтот за старословенска култура ги нагласува трите аспекти и огромните придобивки од ваков Систем на дигитална база на податоци.

-Користењето на современите технологии во истражувањето и проучувањето на културното наследство, може да се согледа низ три аспекти: стручно-научни, научно-истражувачки и третиот аспект, би го нарекол – утилитарен. Сето ова значи предокументирање на класичната археолошка документација на културното наследство, достапност на стручно-научно проверени податоци за секаква намена, па до туристичка експлоатација. Посебно ни е важна можноста за методолошки исчекор во проучувањето на културното наследство. Тоа овозможува ново ниво на осознавање, вели Ристески.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Хамас го отфрли предлогот за договор со заложниците

Палестинското движење Хамас ги отфрли сите клаузули од последниот нацрт-договор за заложниците, зголемувајќи го бројот на палестински затвореници што Израел мора да ги ослободи како дел од договорот, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Весникот наведува дека Хамас е подготвен да ослободи само 20 заложници, жени и мажи постари од 50 години, како дел од првата фаза од договорот.

Исто така, Хамас бара Израел да се согласи на шестнеделно примирје пред да ги ослободи заложниците.

„Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не сака договор. Нему воопшто не му е грижа дали народот во Газа продолжува да страда, дури и во услови на голема израелска флексибилност за сите параметри на американскиот предлог. “, рече неименуваниот функционер.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, Израел се согласил со американскиот предлог за размена на заробеници и заложници, со што ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, вклучително и 100 на издржување доживотни затворски казни за убиство на Израелци, во замена за 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Газа.

Николовски со земјоделците од Свети Николе ги потпишаа првите договори за продолжување на закуп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците, на која што заедно со земјоделците ги потпишаа првите договори, за продолжување на закуп на земјоделско земјиште во Свети Николе.

„Денеска сме тука токму да го испорачаме и решението, односно на земјоделците да ги доделиме првите договори, кои што треба да ги потпишат. Во овој период службите на министерството интензивно работеа согласно нашиот договор, кој што го постигнаме во Свети Николе, да се направи се овие договори многу бргу да бидат продолжени. Зададовме рок заеднички од 2 ипол месеци, но еве ме за многу брзо време, со нови договори за продолжување на закупот на земјоделски површини токму во Свети Николе“, истакна министерот Николовски.

Минатата недела Владата даде согласност за продолжување на првите светиниколски договори за закуп на земјоделско земјиште, кои истекоа изминатиот период. Токму во таа насока, земјоделците од Свети Николе, веќе почнуваат да ги добиваат продолжувањата на договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Постапката веќе започна и веќе на денешната владина седница, исто така имаме доставено нови согласности за продолжување на договорите.

„Владата продолжува со носење на нови согласности, министерството продолжува со склучување на сите договори каде што земјоделците имаат поднесено барања, каде што постапките се завршуваат и од тука повторно порачувам нема отстапки ниту еден милиметар, сите земјоделци кои што имаат поденсено барање во законскиот рок ќе добијат продолжување на договорите за нови 15 години“, истакна министерот Николовски.

Како министерство, заедно со земјоделците, покажавме дека само сложни околу вистината, можеме да постигнеме резултати. Успеавме заедно, земјоделците да ги задржат земјоделските земјишта и да си ги добијат заслужените субвенции, соопшти МЗШВ.

притисни ентер