Меѓународен одбојкарски турнир за ветерани во Струмица

Во Струмица почна Меѓународниот одбојкарски турнир за ветерани, што традиционално се одржува по десетти пат по повод патрониот празник на градот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици", кој се одбележува на 11 декември.

На турнирот учествуваат ветераните на екипите „Пирин" од Разлог, Бугарија, „Рибница" од Краљево, Србија, како и екипи од Тетово и Струмица.

Вчера се одиграа полуфиналните натпревари. Екипата на Пирин ги совлада ветераните на Тетово со 2:0 во сетови, а Струмица славеше против Рибница со 2:1.

Турнирот завршува вечер со одигрување на натпреварите за 3 и 4 место и финалниот натпревар кој ќе го одлучи победникот. 

притисни ентер