„Како дел од создавање на систем за набљудување и информативна поддршка за безбедноста на вселенските активности во просторот близу Земјата, планираме да го основаме Рускиот центар за мали небесни тела, чија главна задача ќе биде да ги открие и следи небесните тела кои се приближуваат кон Земјата “, изјави Игор Бакарас, висок функционер во Роскосмос, за руската новинска агенција Спутник.
Се очекува центарот да почне со работа кон средината на 2020 година.
Русија исто така неодамна ги објави плановите за изградба на серија телескопи на Месечината за да ги следи потенцијално опасните вселенски карпи, па се чини веројатно новиот центар ќе има улога во остварувањето на тој план.
Бакарас изјави за „Спутник“ дека руските научници во моментов истражуваат различни начини за уништување или пренасочување на вселенските карпи што се движат кон Земјата, вклучително и преку употреба на сателити, ракетни мотори и соларни едра.
„Во моментов, работата во овие области е ограничена во голема мерка на теоретско истражување и математичко моделирање на разни контрамерки“, рече Бакарас . Додаде дека истражувањето би можело да биде клучно за зачувување на планетата ако астероид се најде на патека преблиску или во правец кон Земјата.