Германски Ромео поминал 260 километри во автомобил на баба му за да ја види девојката

14- годишно момче од Германија тргнал во романтична авантура со автомобилот на неговата баба , што и го зел без знаење , само за да ја види својата девојка.

Четиринаесетгодишно неименувано момче во текот на ноќта го укралo автомобилот на баба му и возел низ Германија 260 километри. Авантурата завршила кога вработени во бензинска пумпа се јавиле во полиција вчера во раните утрински часови.

Момчето избегало со автомобилот на баба му од местото Герден во Долна Саксонија, соопшти полицијата. Потоа се возел до градот Алсфелд во соседната држава Хесе, каде забележал дека останува без гориво.

Застанал на бензинска пумпа на автопатот за да го наполни резервоарот. Вработените се посомневале дека такво младо лице плаќа гориво и повикале полиција.

Момчето подоцна признало дека сакало да ја посети својата девојка во Франкфурт.

Полицијата му поднела прекршочна пријава за возење без валидна возачка дозвола.

притисни ентер