Италијанската тенисерка објави: Ја добив битката со ракот! (ВИДЕО)

Некогаш четврта тенисерка во светот, Италијанката Франческа Скјавоне објави дека минатата година водела голема битка со ракот .

Шампионката на Ролан Гарос во 2010 година и освојувачка на осум титули на ВТА, објави на социјалните мрежи дека на почетокот на оваа година и бил дијагностициран карцином , по што почнала со лекување.

Италијанката, која официјално се повлече од терените во 2018 година, изјави дека победила во големата битка со тешката болест.

"Здраво на сите, молчев седум или осум месеци. Бев изолирана од светот и социјалните мрежи. Сакам да го споделам со вас она што ми се случи во тој период. Ми беше дијагностициран карцином".

"Добив хемо, се борев напорно и сега можам да дишам. Ја освоив битката и се вратив во акција", рече Франческа во објавата.

притисни ентер