Заврши блокадата на српската опозиција на РТС , и Вучиќ се огласи (ВИДЕО)

Лидерите и поддржувачите на Сојузот за Србија се повлекоа вечерва ,  откако осум часа го блокираа влезот  во зградата на јавниот сервис РТС.

Претходно денес, српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција рече дека „нема причина за стравување“ кога станува збор за блокирање на влезот во зградата на РТС.

Запрашан од новинар на РТС за блокадата што ја најави Сојузот за Србија, Вучиќ рече дека „гарантира дека никој нема да биде загрозен“.

"Не грижете се за блокирањето на РТС. Гарантирам дека никој нема да биде загрозен, дека ќе постапиме во согласност со законот, нема опасност. Ние ќе зачуваме сè што треба да се зачува", рече Вучиќ пред новинарите на заедничката прес-конференција со францускиот министер за одбрана.

Лидерите и поддржувачите на Сојузот  за Србија се собраа на пладне пред влезот во зградата на Српската радио телевизија и ги блокираа сите три влеза во зградата до 20  часот.

Меѓу собраните беа опозициските лидери  Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ, Бошко Обрадовиќ, Марко Бастац, Борко Стефановиќ, Мариника Тепиќ, Никола Јовановиќ ...

„Неточно е дека  Сојузот за Србија уредно го пријавила денешниот митинг пред зградата на РТС, а организаторите не го испочитуваа законот за јавно собирање и немаше регистрација“, изјави Милан Станиќ, началник на полициската управа за Град Белград.

Насобраните бараа оставка од претседателот Александар Вучиќ и неговата тоталитарна власт. Во моментов пред зградата на телевијата и натаму е зголемено полициското присуство.


притисни ентер