Во чуден пресврт, тој го обвини холивудскиот продуцент и сексуален предатор Харви Вајнштајн за сопствената ситуација.
Полански во интервју за „Пари мач“ вели дека филмскиот магнат се обидел да го означи како „ силувач на деца“ за да спречи филмот „Пијанист“ да го освои Оскарот во 2003 година.
Полански, кој бега од американската правда од 1978 година, откако признал незаконски сексуален однос со малолетничка, ги отфрла новите обвинувања дека е силувач и ги нарекува апсурдни.
Полански „апсолутно негира“ дека во 1975 година ја силувал и претепал француската фотографка Валентин Мониер во неговата планинска колиба во Швајцарија.
„Тоа е невистинито. Очигледно, веќе не е доволно сензационално да ме обвинат за силување, така што треба да се додаде друго ниво “, рече тој.
„Јас не удирам жени“, истакна режисерот.
Монаер, која тогаш била 18-годишна манекенка и актерка, излезе во јавност минатиот месец, во времето на премиерата на новиот филм на Роман Полански „Офицер и шпион“.
Полански повеќе пати во интервјуто во „Пари мач“ рече дека нејзините обвинувања биле „анормални“, а потоа му се нафрли на Вајнштајн.
Тој тврди дека тогашниот почитуван продуцент започнал кампања против него за да ја саботира можноста за Оскар за „Пијанист“, бидејќи филмот претходно освоил шест награди Бафта.
Вајнштајн го поттурнал филмот „Чикаго“, кој на крајот освои шест Оскари.
„Неговиот агент за медиуми беше првиот што ме нарече силувач на деца“, додаде тој.
Во случајот „Гимер“ од 1977 година, Полански призна дека имал секс со малолетничка во замена за 90 дена затвор. Тој отслужи 42 дена и беше пуштен на слобода. Сепак, избега од Америка кога имаше индиции дека судијата ќе ја поништи спогодбата и ќе го стави зад решетки на многу подолго.
Полански ги обвинува медиумите дека го третираат како „неверојатно насилен“.
„Тие се држат до секое лажно обвинение, без разлика колку е апсурдно, затоа што можат да ја„ ископаат “приказната од 1977 година. Тоа е како проклетство што се враќа, и не можам да сторам ништо", се пожали тој.
Во Франција, сепак, тој е заштитен и сакан. Неговиот нов филм го гледаа милион и пол луѓе за последните три недели од промоцијата.