Пендаровски се обрати на доделувањето на признанието Македонски квалитет за 2019 година

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, се обрати на доделувањето на признанието Македонски квалитет за 2019 година.

Доделувањето на признанието е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија и има за цел да оддаде признание на националните бренд амбасадори кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата, но и на меѓународно ниво.

„Благодарам на честа да бидам покровител на една ваква навистина значајна и специфична манифестација на која се доделува Признанието за македонски квалитет. Од доделените признанија се уверивме дека оваа година добитници се компании од различни стопански гранки, а меѓу нив и едно културно- уметничко друштво што сведочи за значењето на квалитетот и во уметноста и воопшто во културата. Диверзитетот на добитниците, освен стопанските субјекти се гледа и низ фактот што добитник на признание за македонски квалитет е и една образовна институција. И самиот долги години како професор бев вклучен во образовниот процес и од прва рака можам да посведочам дека без квалитетно образование нема квалитетни кадри, а, без образувани поединци нема ниту економски развој. Оттука мора да се инсистира на постојано подигнување на квалитетот на образованието кое треба да биде во чекор со актуелните трендови, особено со потребите на пазарот на трудот.

Осврнувајќи се на годинешниве добитници не смеам да заборавам да истакнам еден исклучителен факт, а тоа е високиот степен на општествена одговорност кај голем дел од нив. Сакам сите нив да ги поттикнам и охрабрам и понатаму да придонесуваат и да и помагаат на заедницата“, рече Пендаровски.

„Убеден сум дека сите ние споделуваме заедничка визија за економски просперитетна и развиена држава. Вие сте носители на нашата национална економија и би сакал да ве охрабрам и понатаму да создавате квалитет. Како амбасадори на македонскиот бренд, ја имате мојата безрезервна поддршка во насока на унапредување и промоција на македонскиот квалитет.

Неодамна, на самитот Македонија 2025 потенцирав дека за економски напредок и развој е потребна соработка на политичарите со бизнис заедницата, во насока на градење на политики согласно потребите и барањата на стопанствениците и актуелните домашни и меѓународни економски текови. Во тој комплекс на прашања, клучен елемент е владеење на правото и доверба во институциите без чија максимална функционалност и професионалност не можеме да очекуваме подобрување на економската состојба и подигнување на стандардот. Само со доследно почитување на овие постулати заедно со вашата креативност и посветеност како и континуираното воведување на технолошки иновации можеме да се надеваме на подобрување на бизнис климата и на економски напредок. На крајот, дозволете ми, на сите добитници уште еднаш да им честитам за признанието, и да им посакам и ним, но и на останатите членки на Сојузот на стопански комори успешна и плодна работа во 2020 година“, додаде тој.

Кејт Мидлтон се огласи на „X“, за прв пат откако објави дека има рак

Кејт Мидлтон се огласи на Твитер за прв пат откако објави дека боледува од рак.

Таа се осврна на неодамнешните напади во Австралија. Имено, 40-годишен маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј за време на викендот. Од шестмината убиени, пет се жени. Подоцна, во црква во Сиднеј бил нападнат и епископ.

„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј. Нашите мисли се со најблиските на оние кои починаа, оние кои беа погодени од оваа ситуација и хероите на службите за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други“, се вели во соопштението на принцезата од Велс и принцот Вилијам.

Потсетуваме, Кејт на крајот на март ѝ се обрати на јавноста со емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата го шокирала целото семејство и дека таа и Вилијам „направиле сѐ што можеле за да се справат со ситуацијата и да ја решат приватно во корист на семејството“.

Ракот на Кетрин беше откриен дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да објавуваат детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е, и побарале од јавноста да не шпекулира.

Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа, конечната одлука на средината на мај

Парламентарното собрание на Советот на Европа вечерва го усвои извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Косово да стане членка на Советот на Европа..

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани.. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години..

Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука со двотретинско мнозинство да ја донесе кон средината на мај..

Џони Деп ги изненади фановите во Лондон, сите забележаа дека ослабел (ФОТО)

Џони Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на Jeanne du Barry во Лондон.

Носеше црн костум на Диор, бела кошула и сив капут. Комбинираше и очила за сонце. 60-годишниот актер спремно им позираше на фотографите на црвениот тепих.

Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скрати косата. Во февруари се снимаше во Италија, каде што го режира филмот Моди, а потоа и понатаму ја носеше својата коса подолго.

Потсетуваме дека во историската драма Jeanne du Barry главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.

притисни ентер