Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е во парламентарната декларација

По бурата реакции во јавноста и во исчекување на официјална реакција на македонска Владата до официјална Софија, бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов помалку изненадено и во неколку збора одговора.

Ставот на Софија е срочен во Декларацијата на бугарскиот парламент, вели Ангелов, прашан дали позицијата на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои е став и на Бугарија.

-Мислам дека тука сме за друг повод, но официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на парламентот. Така што, поофицијален став од тој нема., вели Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија

Вчерашниот став на бугарските академици дека македонскиот е дијалект на бугарскиот јазик, на прв поглед е поостар, но во суштина е идентичен со заклучокот во Декларацијата на бугарското собрание, усвоена на пред два месеца. Во документот, во кој меѓудругото, се наведени дузина услови за Македонија за почеток на преговори со Унијата, се вели дека уставниот јазик во земјава е поврзан со еволуцијата на бугарскиот и неговите наречја со кодификација во 1944-тата и затоа:

Никаде во документите на ЕУ да не фигурира македонскиот јазик, а доколку веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија. Ако постои апсолутна неопходност да се користи терминот „македонски јазик“ во документите на ЕУ, со ѕвездичка во фуснота да се појасни дека тоа е согласно Уставот на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев вели дека владата се уште гради став каков тип реакција ќе упати до Софија.

-Рековме дека ќе реагираме, но сите реакции не се во делот на протестна нота, може да биде и во форма на повикување на амбасадорот... , вели Зоран Заев претседател на Владата

За поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, последната порака од највисоката научна институција е своевидно продолжение на политиката на Софија во обид да се изврши дополнителен притисок, во исчекување на одлуката за преговори напролет.

-На политичарите можеби им одговара во овој момент да притисок, но не може да ја побие науката. Македонскиот јазик е кодифициран, вели Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор во Берлин и во Виена

Вчерашниот контроверзен документ на бугарската академија на науките е директен одговор на неодамна усвоената Повелба на МАНУ, во која се изнесени научно признаени факти за македонскиот јазик, за кого дел од научната мисла во Бугарија смета дека е бугарски напишан на српска машина.

-Мене ме чуди едно такво соопштение. Замислете сега скандинавските земји да се надмудруваат кој јазик чив е, додава Филипов

На соопштението на бугарските академици вчера остро се спротивставија и Институтите за македонски јазик и за македонска литература.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер