Видео: Првиот прототип на телефон со селфи камера под дисплејот

Селфи камерите се најголема пречка во дизајнирањето на издржлив водоотпорен телефон со екран без рамки.

Долго време се очекуваше иновација која ќе ја смести селфи камерата под дисплејот на телегонот а се чини дека компанијата Опо имаат такво решение.

На интернет сега се појави доказ како тоа би можело да работи и во пракса, пренесе „Андроид Централ“.

Новиот систем за селфи камера на прототипот на компанијата Опо е се уште во фаза на развој но е очигледно дека тие успеале да ја сместат камерата под екранот која може да се види само под одреден агол. Во текот на секојдневната употреба, веројатно можете и да заборавите дека камерата воопшто е таму.

Иако ова решение веројатно нема така брзо да пристигне кај телефоните наменети за продажба, се очекува дека предните камери во иднина ќе бидат невидливи за голо око, на сличен начин како што станаа невидливи читачите за отпечатоци од прст кај бројни модели на телефони.

Зголемете го бројот на лајкови на Инстаграм со неколку ситни трикови

Доколку користите Инстаграм не е лошо да знаете некои ситни трикови кои ќе ви помогнат да добиете уште повеќе лајкови на фотографиите кои ги објавувате.

Истражувачите на Универзитетот Роуан во Њу Џерски открилче дека филтрите во објавените селфи фотографии можат да го смалат бројот на лајкови.

„Бројот на лајкови беше помал за селфињата објавени со филтри како стикери или прекумерна употреба на филтри во боја, во споредба со селфињата без такви филтри“, објаснува докторката Сејон Хонг , која го водела истражувањето.

Од друга страна, објавување на фотографии на кои сте на работа или се бавите со некое хоби може да ви помогне во тоа да добиете поголем број лајкови.

„Исто така, слфињата кои пружат додатни информации за поединците во облик на социјални знакови, како што се професионален идентитет или социјален статус, можат да се сфатат како силна намера за интеракција со другите корисници“, додава таа.

Во студијата истражувачите анализирале 1.873 селфиња. Обраќале внимание на бројот на лајкови, дали се користени филтри и што се наоѓа на фотографијата, пренесува „Мирор“.

БМВ има нов хибрид кој е идеален за низ град

Баварскиот произведувач БМВ го претстави  „X2 xDrive25e“ плаг ин хибридот.

БМВ уште во септември го електрифицираше „X1“, а сега ист третман доби и кросоверот „Х2“. Срцето на хибридниот погонски систем е сочинето од троцилиндарски 1.5 литарски турбо- бензин мотор со 125 коњски сили кој прача сила на предна осовина со помош на 6 брзинскиот автоматски менувач.

На бензинскиот мотор му помага електромотор со 95 коњски сили, кој е на задните тркала, со што е овозможен погон на двете осовини кога автомобилот работи во хибриден режим. Вкупната комбинирана сила на хибридниот систем изнесува 220 коњски сили.

Доколку за возење се користи само електрична енергија, ова БМВ се движи со заден погон. Благодарение на литиум- јонската батерија од 10 киловат часа, автомобилот може да прејде и до 56 километри на струја, пред таа да се испразни, а тогаш се вклучува бензинскиот мотор.

Овој автомобил може да забрза од 0 до 100 км/ч за 6,8 секунди, додека максималната брзина е 195 км/ч. Кога се вози само на струја, максималната брзина која овој автомобил може да ја постигне е 135 км/ч.

Фото: Нејмар до уши вљубен во преубавата Русинка Катерина!!

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е заљубен до уши! Британскиот „Сан“ тврди дека асот на ПСЖ збудалел по убавата и атрактивна Русинка Катерина Сафарова.

Нејмар и Катерина се „пријатели“ на социјалните мрежи на кои имаат и неколку заеднички фотки.

Убавата Русинка воопшто не крие дека ги следи мечевите на клубот на Нејмар,  Пари Сен Жермен.

Тие двајца сепак не потврдуваат дека се во врска иако „Сан“ се пофали и уверува дека Нејмар и Катерина веќе некое време се во врска.  

притисни ентер