Борис Џонсон апсолутен победник!

Актуелниот британски премиер Борис Џонсон ги одведе конзервативците до историска победа на предвремените парламентарни избори, кои беа и своевиден референдум за излезот на Британија од Европската Унија.

Според последните резултати, конзервативната партија освои повеќе од 360 пратеници во 650-члениот парламент, бројка која конзервативците последен пат ја имале во времето на Маргарет Тачер. Џонсон сега има слободен пат за поддршка од парламентот и исполнување на предизборното ветување за Брегзит до крајот на јануари идната година.

-Со овој мандат и со ова мнозинство, ќе успееме конечно да направиме што? Да го спроведеме Брегзит. Внимавајте. Овие избори значат дека спроведувањето на Брегзит е сега неизбежна, неодложна и не неспорна одлука на британскиот народ. И со овие избори мислам дека ставивме крај на сите тие мизерни закани за втор референдум,вели Борис Џонсон – Премиер на Велика Британија.

Опозициската Лабуристичка партија пак преживеа историски пораз, освојувајќи само 203 пратенички места. Лидерот на партијата Џереми Корбин пред изборите вети пресврт и нови преговори со Европската Унија за Брегзитот, кој според резултатите, мнозинството од гласачите не ги посакуваат. По поразот, тој најави дека засега ќе остане на чело на партијата, но дека никогаш повеќе нема да се кандидира за премиер.

-Нема да ја водам партијата во идни изборни кампањи, ќе разговарам со партијата да се осигурам дека ќе има процес на рефлексија за овој резултат и за политиките кои партијата ќе ги преземе во иднина,истакна Џереми Корбин – Лидер на Лабуристичката партија.

Изборите беа своевиден референдум и за иднината на Шкотска во Обединетото Кралство. Тамошната Шкотска национална партија која се залага за независност и останување во Европската Унија го освои мнозинството од гласовите.

Шкотска испрати јасна порака, не сакаме конзервативна влада предводена од Борис Џонсон, не сакаме да излеземе од ЕУ и сакаме иднината на Шкотска да биде во наши раце.изјави Никола Старџон – Премиерка на Шкотска.

Меѓу првите кои упатија честитки за победата на Борис Џонсон беше американскиот претседател Доналд Трамп кој на социјалната мрежа Твитер напиша и дека со тоа се отвара можност за поголема економска соработка меѓу двете земји. Честитки упатија и лидерите на Европската Унија, додека поранешната премиерка Тереза Меј порача дека на резултатот гледа како на излез од политичката парализа на земјата и конечно спроведување на Брегзитот.

Тен Хаг го потврди враќањето на Лисандро Мартинез

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека Лисандро Мартинез најверојатно ќе се врати во тимот за утрешното гостување кај Брентфорд.

Аргентинецот тренира со полна брзина најмалку десетина дена и ќе може да се врати од повредата на коленото, а добра вест за „црвените ѓаволи“ е што на располагање ќе бидат и други играчи кои имаа проблеми.

-Да, има шанси да се врати во тимот. Ни недостигаше на секој меч што го пропушти бидејќи внесува смиреност во тимот. Во исто време, тој има менталитет на победник и тоа го покажува многу јасно, но може да го пренесе и на другите, што многу придонесува за нивото на нашиот настап. Има и други фудбалери кои се вратија на теренот и веќе тренираат. Очекувам дека и Лук Шо ќе биде подготвен пред крајот на сезоната, такви се прогнозите, ја објасни ситуацијата тренерот.

Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра што Македонија треба да ги врати

Националната агенција за Еразмус во Македонија да ги испорача сите препораки на ОЛАФ – вели евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Иако не сакаше да ги коментира одлуките на Европската Комисија, сепак уверува дека и покрај истрагата во иднина нема да се намали буџетот за нови проекти во земјава финансирани од европски пари и очекува програмата да продолжи да функционира без проблеми.

-Во согласност со стандардните процедури не коментираме за истраги извршени од ОЛАФ, телото на Европската Унија за истражување измами. Иако очекуваме од агенцијата тука во Македонија да ги испорача разните препораки дадени од ОЛАФ за овој случај, продолжуваме да имаме доверба во Агенцијата и согласно на тоа, не ја намаливме висината на буџетот за „Еразмус“ програмата. Среќен сум што ќе кажам дека „Еразмус“ продолжува да работи во корист на младите, студентите и универзитетите во оваа земја.- Дејвид Гир – Евроамбасадор

Случајот вчера го обелодени директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓорѓиевски, кој посочи дека станува збор за проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус Плус, финансирани од Европската Комисија во периодот од 2016 до 2018 година. Поранешната директорка на агенцијата, Лидија Димова за „Фокус“ тврди дека во 2019 година поднела кривична пријава за проневера на средствата, но дека поранешни високи функционери и вршеле притисок да ја повлече истата.

-Во април 2020 година, од Владата ми беше доставен ‘поздрав’ со листа на проекти што требаше да ги ‘пуштам’. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава. Во октомври бев разрешена поради ‘неетичко однесување’ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата. Во следните неколку месеци новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски, ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра.- Лидија Димова – Поранешна директорка на Еразмус

Во проверка на случајот покрај, ОЛАФ вклучено е и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од таму за Канал 5 велат дека активно се спроведува предистражна постапка, но дека засега не откриваат повеќе детали поради тајноста на постапката.

Eрдоган на 9 мај ќе биде примен од Бајден

- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе престојува во официјална посета на Вашингтон, каде на 9 мај во Белата куќа ќе биде примен од неговиот американски колега Џо Бајден, соопшти денеска официјален извор.

Тоа ќе биде прва средба на овие двајца претседатели во Белата куќа.

Ердоган претходно беше примен од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Односите меѓу Вашингтон и Анкара неодамна се подобрија кога Турција, членка на НАТО, го одобри влезот на Финска, а потоа и на Шведска во Алијансата, по 20 месеци двоумење.

Како знак на поддршка, Бајден во јануари, а потоа и Конгресот на САД во февруари ја одобри продажбата на американските борбени авиони Ф-16 на Турција, со што стави крај на повеќемесечните расправии меѓу Вашингтон и Анкара околу тоа прашање.

притисни ентер