Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на Парламентот

Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот, поофицијален став нема од тоа.

Тоа го изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во одговор на новинарско прашање дали ставот на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик е и официјален став на Софија.

БАН објави реакција на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ, во која вели дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

-На 3 декември 2019 година Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) усвои „Повелба за македонскиот јазик". Во неа се конструирани историски и јазични аргументи за заштита на официјалниот книжевен јазик во Република Македонија како посебен самостоен јазик со континуитет и генеалогија, кој во Скопје е наречен „македонски", реагираше БАН и посочи дека документот предизвикал „многу сериозни научни забелешки".

Македонија ќе реагира на ставот на БАН дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Властите во земјава најпрво детално ќе ја разгледаат објавата на БАН, потоа ќе следува реакција и преку Министерството за надворешни работи.

Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент во октомври годинава, ја содржи поддршката за целосна интеграција на Македонија во ЕУ, но под услов земјава да исполни серија услови во однос на историјата и јазикот. /МИА

Заев го корегира Артан Груби во однос за субвенционирањето на работните места. со државни пари

Нема да се субвенционираат компании кои ќе вработуваат Албанци и други етнички заедници во приватните компании, туку субвенции ќе има за сите етнички групи, тврди Заев. 

Објаснувањето на премиерот доаѓа по најавата на првиот вицепремиер Груби, кој вчера објаснуваше и дека идејата е на самиот зачеток и не се познати модалитетите

„Субвенции ќе има и за Македонците и за Албанците и за Турците и за србите и за Власите...за сите во нашата земја и тие ќе бидат организирани за сите граѓани..“„Точно во нашата Влада има програма е прецизирано дека ќе го поттикне и ќе соработува со бизнис секторот за да се поддржат добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба. “, изјави Зоран Заев, претседател на Влада

А четвртиот пакет мерки кои треба да го помогнат стопанството и граѓаните за полесно надминување на Корона кризата ќе се знае до крајот на наредната недела, најави Заев. Тој ќе се движи во два правци, таргетирана поддршка за фирмите и нови картички и ваучери за граѓаните.

Заев најави и екстра помош за фирмите кои сега ќе вработат работник.

Џафери не дојде да сведочи за случувањата на 27 април

Ниту со официјална партиска одлука биле дел од протестите на “За заедничка Македонија” ниту знаеле за организиран упад во Собранието.

Вака поранешни и актуелни пратеници од ВМРО ДПМНЕ сведочеа на денешното судење за обвинетите за организирање на собраниските насилства од 27 април. Поранешниот пратеник Борис Змејковски рече дека немало случај претходно да се прекине некоја точка за да се помине на следна. И неговата сопартијка, тогаш пратеничка од Радовиш Нада Ципушева ги опиша последните часови од собраниската седница.

-Вељаноски постојано апелираше да се откажеме од дискусијата за време на конститутивната седница. Немав никаква информација за кршење на собранискиот деловник.-Нада Ципушева – Поранешна пратеничка од ВМРО ДПМНЕ.

Според одбраната на обвинетиот екс собраниски спикер Трајко Вељаноски, сведочењето на пратениците потврдува дека немало договор де се спречи изборот на нов претседател на собранието.

Како сведок денеска требаше да се појави актуелниот собраниски спикер Талат Џафери но го спречија работните состаноци. Се очекува Џафери да сведочи на 28 септември за кога е закажано следното рочиште.

Во име на премиерот Заев до Собранието е доставена листата со предлози за заменици-министри

Владата на Република Македонија, во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието на Република Македонија ја достави листата со предлози за заменици-министри.

За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат:

- Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;

- Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

- Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;

- Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

- Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;

- Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;

- Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

- Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

- Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;

- Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;

- Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;

- Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;

- Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;

- Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

- Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;

- Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со предлог листата за заменици-министри се доставени и биографиите на кандидатите.

Влада на РМ

притисни ентер