Хесиншки комитет регистрира исплати на К-15 од 1.000, 500 и 100 денари

 Многу често работодавачите исплаќаат незначителни износи на име регрес за годишен одмор, за што говорат и документираните случаи на Хелсиншкиот комитет, во кои работодавачите неретко исплаќаат 1000, 500, па дури и 100 денари регрес за годишен. 

Околу седум отсто од сите случаи на повреди на работнички права пријавени до Хелсиншкиот комитет за човекови права се однесуваат токму на случаите поврзани со исплаќањето на регресот за годишен одмор.

Тоа го наведува Хелсиншкиот комитет за човекови права во правен осврт и мислење по однос на правото на регрес за годишен одмор (К-15) со цел потемелно да ги информира работниците околу остварувањето на ова право.

Како што информираат, работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата. Износот на регресот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата во држвава исплатена во последните три месеци. Во пракса тоа значи дека доколку еден работник, кој најмалку шест месеци во календарската година работел кај ист работодавач, во последните 3 месеци земал плата од 25.220 денари нето, има право на регрес на годишен одмор од најмалку 10.088 денари.

Хелсиншки укажува дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, можат да одат под загарантираниот минимум од 40 отсто, согласно Спогодбата за изменување и дополнување на Колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Ова е дозволено само по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, што значи дека со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со претставник избран од работниците.

-Ваквата промена неретко доведува до злоупотреба и изигрување на овој став од член 35 од Колективниот договор од страна на работодавачите. Ова е последица на правната недореченост на измените и дополнувањата на Колективниот договор во насока на непостоење на јасни критериуми околу тоа како се утврдува дали навистина постоеле објективни потешкотии при работењето и соодветна проценка на големината на проблемите. Измените и дополнувањата не ги пропишуваат ниту критериумите за ценење на економско-финансиската состојба на работодавачот ниту пак предвидуваат кој треба да ја спроведе ваквата постапка, информира Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Тоа, како што дополнува, резултира со правна несигурност на работниците и неможност на Државниот инспекторат за труд да утврди прекршување на работничките права од колективен договор, заради недостаток на прецизни критериуми и постапки за утврдување на потешкотиите во работењето на работодавачот. Таквата ситуација овозможува за работодавачот да е доволно едноставно да приложи завршна сметка во која ќе покаже помал профит во календарската година, во споредба со претходната, за да докаже дека имал потешкотии во работењето и да исплати помал регрес за годишен одмор од предвидениот минимум од 40 отсто од основицата.

-Како резултат на ова, многу често работодавачите исплаќаат незначителни износи на име регрес за годишен одмор, за што говорат и документираните случаи на Хелсиншкиот комитет, во кои работодавачите неретко исплаќаат 1000, 500, па дури и 100 денари регрес за годишен одмор. Околу 7 отсто од сите случаи на повреди на работнички права пријавени до Хелсиншкиот комитет за човекови права се однесуваат токму на случаите поврзани со исплаќањето на регресот за годишен одмор, стои во правниот осврт.

Дополнителен проблем, наведуваат, е тоа што во случаи кога работодавачот има потешкотии во работењето, повторно нема јасни критериуми за намалувањето на износот на регрес за годишен одмор. Целосно е нејасно колку помал износ oд предвидениот минимум му е дозволено на работодавачот да исплати vis a vis потешкотиите во работењето. Тоа значи дека утврдувањето на ваквиот износ е дискреционо право на работодавачите или на државните инспектори за труд, во случаите во кои Инспекторатот ќе утврди дека работодавачот не исплатил регрес за годишен одмор или исплатил регрес помал од предвидениот.

-Оттука, поради трендот на исплата на регрес за годишен одмор во многу мал и незначителен износ, неопходно е воведување на јасни критериуми и постапки за утврдување дали, а доколку е тоа случај, во колкав обем, работодавачот навистина се соочува со финансиски потешкотии во работењето. Само на тој начин ќе се избегнат моменталните нормативни парадокси со кои е возможно работодавачот континуирано да има зголемен обем на работа, а истовремено да се соочува со финансиски потешкотии, па како резултат на тоа да исплаќа регрес за годишен одмор во износ помал од утврдената основица. Работниците во ваква ситуација немаат никаква заштита на која можат да се повикаат доколку не им е исплатен соодветен надоместок за регрес на годишен одмор, па така, надоврзувајќи се на погоре наведениот пример, работникот кој има право на К-15 од најмалку 10.088 денари, може на крајот да добие само 100 денари, велат од Хелсиншки.

Според нив, неизбежно Државниот инспекторат за труд да посвети должно внимание за да истражи како во секој поединечен случај се назначува претставникот и да процени дали фактите врз основа на кои била направена проценката го задоволуваат критериумот за финансиски потешкотии во работењето, стои во заклучокот од правниот осврт на Хелсишншкиот комитет.

На овој начин, дополнуваат оттаму, работодавачите во процесот на исплата на регрес за годишен одмор ќе можат доследно и целосно да ги почитуваат одредбите од Општиот колективен договор и толкувањата на Комисијата за толкување на колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Со тоа, законодавецот ќе ги охрабри синдикалните организации да застанат на страна на заштита на работниците и ќе им овозможи будно да ја следат состојбата со исплатата на регресот за годишен одмор, особено во текстилните и кожарски фабрики каде има формирано синдикати.

-Конечно, со ова Државниот инспекторат за труд ќе може да врши засилен мониторинг во процесот на исплата на регрес за годишен одмор од страна на работодавачите и навремено и ефикасно да постапува по поднесените барања за инспекциски надзор за евентуални повреди и прекршувања на работничките права поврзани со исплата на регрес за годишен одмор. Само така ќе се прати порака на охрабрување до сите работнички и работници и понатаму да продолжат со пријавувањето на прекршувањата на работничките права, заклучува Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Путин како корона суперхерој на социјалните медиуми

Најавата дека Русија почна со производство на вакцина против  „Ковид-19“ ,не само што доведе до меѓународна загриженост во врска со нејзината безбедност, туку исто така создаде многу дезинформации и хумор на социјалните мрежи.

Се појавија многу сатирични мемиња за Русија, споделени на голем број јазици. Некои го покажуваат рускиот претседател Владимир Путин како суперхерој, како Спајдермен или Ајронмен, кој го спасува светот.

Една од најпопуларните објави е онаа што го прикажува Путин како јава мечка со џиновски шприц на грбот.

Една верзија на овој мем, дури и погрешно тврди дека ја споделил самиот Путин.

Друг широко објавуван пост со кој се прославува најавата за вакцинирање во Русија се појави на Фејсбук страницата за поддршка на Путин и е споделена повеќе од 200.000 пати.

Тоа не е официјален профил на рускиот претседател, за кој се верува дека ги избегнува социјалните медиуми.

Но, многу десетици илјади луѓе кои коментираат на бројни јазици на објавата, јасно веруваат дека е така.

Виралниот пост го споредува првиот советски сателит кој „го отвори патот за хуманоста во вселената“ со руската вакцина која „ќе го отвори патот кон иднината без„ Ковид 19 “, маски и социјална изолација“.

Белгиски велосипедист падна од мост во Италија (ВИДЕО)

Белгискиот велосипедист Ренцо Евенпоел падна од мост висок неколку метри во Италија, во областа Ломбардија.

Евенпоел важи за една од најголемите надежи во велосипедизмот

За време на трката „Ил Ломбардија“ се преврте и падна од неколку метри високиот мост.Возачот Декјунинк беше дел од водечката група кои се спуштаа надвор од Колма ди Сормано - најголемото искачување на трката.

20-годишникот бил на четвртото место во групата кога го погодил ѕидот на мостот пред да се преврти и да падне од мостот.

Веднаш дошла итната медицинска помош и младиот велосипедист е однесен вбо болница. Засега не се познати детали за повредите

Белгиецот е еден од најперспективните велосипедисти , кој годинава победи на Трката околу Полска и Бургос.

Откриена брзината на Старлинк интернетот

Интересот за Starlink интернетот постојано расте, а неколку стотици илјади корисници веќе се регистрираа за новата услуга.

Форумот Reddit за Starlink Internet неодамна ги откри брзините што ќе ги понуди новата услуга, така што заинтересираните би можеле да видат дека терминот „супер брз интернет“ се заснова на реалност.

Првите две серии на сателити беа лансирани во мај и ноември 2019 година, а „SpaceX“ планира да постави вкупно 12,000 единици во орбитата на Земјата во наредните пет години, што ќе послужи како т.н. „соsвездие“ на сателитите кои ќе понудат невидени перформанси на интернетот.

Досега се лансирани скоро 600 сателити, а компанијата неодамна објави податоци за забрзано производство и дека со вселенското летало Starship ќе може да се испратат 440 сателити одеднаш, пренесува PC Press.Сега може да се види дека брзините ветуваат, иако експертите предупредуваат дека податоците во раните фази на развој секогаш ветуваат повеќе од тоа што всушност ќе се случи.

Со помош на апликацијата Ookla Speedtest, откриено е дека брзините се движат од 60 Mbps за преземање на податоци од интернет на компјутер (Downstream) и 17,7 Mbps за качување на податоци на интернет (Upstream)..

Мрежата во моментов го опфаќа само северниот дел на Соединетите држави и јужниот дел на Канада, а брзините се тестирани и во Вашингтон.

притисни ентер