Османи: Владите на Македонија и Србија го усвоија Договорот за граничниот премин Лојане – Миратовце

 Владите на Македонија и на Србија го усвоија текстот на Договорот за отворање на заеднички граничен премин Лојане – Миратовац, објави на својот Фејсбук профил  вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој нагласи дека Владите ги задолжиле министрите за внатрешни работи на двете земји да ги потпишат договорите во рок од седум дена и да почнат постапка за ратификација во собранијата.

Османи во постот, кој го објави вчера прикачи и фотографија со Нацрт – записникот од 169 седница на Владата.

Николовски: Директори што никој не ги знае нема да добиваат 180.000 денари плата

Функционерите нема да можат повеќе да се луксузираат со трошење државни пари. Вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата Љупчо Николовски најави воведување ред и лимит на службените картички на функционерите.

Според него во следниот период преку анализа и систематизација треба да се изнајде унифициран начин за трошењето државни пари кој ќе важи за сите функционери.

Потребно е укинување на некои државни установи и институции кои се нефункционални. Има Јавни претпријатија чии директори земаат повисоки плати од премиерот и никој не ги контролира, вели Николовски.

Вицепремиерот уверува јакнењето на капацитетите на ДКСК, Државниот завод за ревизија и независните тела е клучно за борба против корупцијата.

Вицепремиерот ги повтори намерите за кратење на дискреционите права на министрите и останатите. За комплетирањето на третиот ешалон и директорски места Николовски кој е и председател на Комисијата за именувања во Владата останува на ставот дека почнувајќи од сега нема веќе да се избираат директори без план и програма за работа, а тоа уверува дека ќе важи и за функционерите на СДСМ, но и ДУИ. Николовски тврди ќе се бара квалитет, не задоволување на коалициски апетити.да се избираат директори без план и програма за работа

Заразеното дете од струмичката градинка не ги затвори останатите дома

Околу 20 отсто од вкупниот број на деца, кои се згрижени во шесте клонови на градинката „Детска радост" од Струмица, денеска не биле донесени од нивните родители откако вчера беше регистриран првиот случај на заразено петгодишно дете со Ковид-19.

Според директорот Васил Бубев, се забележува мало отстуство на децата, но тоа во многу мал дел е предизвикано од вчерашниот случај.

-Можеби има нешто, но по сите анализи ние дојдовме до заклучок дека во периодот во кој се наоѓаме сега, почеток на градинката, како и секоја година кога се почнува, ова е период на прилагодување на самите дечиња и јас мислам дека родителите ги имаат задржано децата дома токму од таа причина дека е период на прилагодување и веројатно, еве, следува викенд, па нашле начин да им бидат децата дома покрај нив, рече Бубев.

Додаде дека по вчерашниот случај 11 деца и тројца вработени се во изолација, но потенцираше дека детето не е заразено во градинката, туку од член на семејството и од понеделникот не доаѓало во градинка.

Тој истакна дека дека градинката продолжува да работи според утврдените протоколи и прописи./МИА

Секое шесто дете во Македонија нема можност да следи онлајн настава

Секое шесто дете во Македонија нема можност да следи онлајн настава. Новата учебна година ќе ја почнат 258 илјади ученици.

Министерката за образование Царовска ја презентираше новата онлајн настава со објаснување дека државата може да овозможи пристап до интернет, но дека нема можност да обезбеди толку уреди за секое дете. Дополнителна обврска за училиштата ќе биде да ги печатат материјалите за секое дете и да ги достават до родителите и потоа назад да се вратат за да се оценат.

Засега голем предизвик останува и за родителите до трето одделение. Според првичниот план часовите на децата ќе завршуваат до 10.30 и се поставува прашањето како родителите ќе можат да ги земат децата во работно време од училиште и како да го продолжат денот.

Новата онлајн платформа ќе биде на пет јазика. 130 лица ја поминале обуката подготвиле 160 наставници кои исто така ќе вршат обука на колегите.

притисни ентер