ИЈЗ: Регистрирани 73 заболени од грип

Во текот на изминатата недела (од 2 декември до 8 декември), пријавени се 73 заболени од грип.

Што е намалување за 33 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 109 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се истакнува, пристигнати се шест материјали за тестирање на грип. Сите тестирани материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Бројот на пријавени лица изминатата недела споредено со истиот период минатата сезона (кога беа регистрирани 132 заболени) е намален за 44,7 отсто. Сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, посочуваат од Институтот за јавно здравје.

Најголем број случаи (41) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 15,5 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје во Скопје (15), а највисока неделна инциденца (36 на 100.000 жители) е регистрирана во Подрачната единица во Дебар.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 433. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат граѓаните да се вакцинираат против грип, особено лицата на возраст над 65 години, децата на возраст од шест месеци до пет години, хронично болните, бремените жени и

здравствените работници.

Министерот Филипче се сретна со јапонската амбасадорка

„Во тек е реализација на грант за набавка на медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи“.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Република Македонија Н. Е. г-ѓа Кеико Ханеда.

Повод за средбата е реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи. Со овој грант, дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во месец јуни, преку итна неповратна помош, од амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот „Авиган" наменет за 100 пациенти заболени со ковид-19.", нагласува министерот Филипче.

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република Карло Ромео.

Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски и амбасадорот Ромео на средбата ја потенцирале одличната соработка не само помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, туку и генерално преку доглгогодишното партнерство меѓу Република Македонија и Италија.

– Особено беше истакнат фактот дека во сферата на безбедноста таа заедничка соработка во изминативе неколку години беше уште повеќе интензивирана, како преку заеднички акции за сузбивање на криминал, така и преку овозможување на обуки и експертиза од италијанска страна за потребите на вработените во МВР на РМ, придонесувајќи во континуираното унапредување на капацитетите на институцијата во целина, стои во соопштението од МВР.

Министерот Спасовски му се заблагодарил на амбасадорот Ромео за безрезервната поддршка од страна на Италија за нашиот пат кон ЕУ и НАТО, што е уште еден доказ за стратешкото партнерство меѓу двете земји./MIA

Двајца прилепчани обвинети за тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – тешка кражба.

– Обвинетите, на возраст од 34 и 25 години, инаку жители на Прилеп, на 2 септември заеднички провалле во стан на улица „Манапо" во Скопје, така што со употреба на подесен клуч „калауз" ја отвориле бравата од влезната блиндор врата. Извршиле пребарување на станот и одзеле женски парфеми, стара колекција пари, рачни часовници и накит во вкупна вредност од 474.000 денари, наведоа од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје донесе и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, додека вториот се уште е недостапен на органите на прогонот.​​/МИА

притисни ентер